1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонското малцинство во Бугарија како страшило

12 октомври 2020

Наместо да ги решаваат проблемите со малцинствата, властите во Бугарија ги користат како плашила. И тоа децении откако прогласивме: „Збогум на патриотизмот и на секакви екстремизми“. Пишува Емилија Милчева

https://p.dw.com/p/3jovi
Bulgarien Goze Delchev | Borisov und Zoran Zave
Фотографија: BGNES

„Остави го, тој е од малцинствата ...“ е популарен израз со негативна конотација во Бугарија со децении, а 21 година по ратификувањето на Рамковната конвенција за малцинствата, плашилото на сепаратизмот и национализмот сè уште е во Бугарската социјалистичка партија (БСП). Но, и други тропаат со оружје.

„Во битка, другари!“

На состанокот пред еден ден, Националниот совет на БСП усвои став во врска со Резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) од 8 октомври 2020 година, во која тие прогласија дека Истанбулската конвенција и ОМО Илинден се неуставни, штетни и немаат место во Резолуцијата.

Според усвоениот текст, „пресудата на Европскиот суд за човекови права за регистрација на ОМО Илинден е штетно и нема место во резолуцијата на ЕП која се однесува на владеењето на правото. Бугарските судови сметаат дека регистрацијата на оваа организација е во спротивност со Уставот и затоа е одбиена. БСП ќе продолжи цврсто да го брани националниот интерес, територијалниот интегритет на земјата и единството на нацијата".

Последната реченица создава впечаток дека ОМО Илинден веќе построил војска долж границата на регионот Благоевград и ха-ха-ха се подготвува да го разнесе унитарниот карактер на државниот систем.

Разбрано- недоразбрано, бугарското општество беше зашеметено од предводниците на пропагандата за вклучувањето на „македонското малцинство“ во Резолуцијата. Се вклучи и премиерот Борисов. Не е првпат одбивањето на судската регистрација на ОМО Илинден да се користи како закана за домашно-политички потреби. Штетно е - и навредливо за институционалната моќ на државата- да претпостави дека некое здружение може да го стори тоа. Од 1995 година, во зората на транзицијата, па сè до 2018 година, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе вкупно 14 решенија во врска со случаите на ОМО „Илинден“ - или за одбивање на регистрација или за одбивање на дозвола за митинг на Плоштадот Македонија во Благоевград во чест на Гоце Делчев. Тоа е речиси една четвртина од сите одлуки на ЕСЧП што не се спроведени во Бугарија, вклучително и за одбивање истрага и за полициско насилство.

Emilia Milcheva
Емилија МилчеваФотографија: privat

Комитетот за следење на спроведувањето на одлуките периодично го поставува ова прашање - како бугарската држава ги игнорира одлуките на ЕСЧП - пред Комитетот на министри на Советот на Европа. На почетокот на октомври оваа година со две резолуции Комитетот на министри сигнализираше дека Бугарија систематски не ги спроведува одлуките на ЕСЧП и еден од специфичните случаи беше со „неоправданите одбивања на бугарските судови да регистрираат здруженија на граѓани насочени кон признавање на македонското малцинство во Бугарија“. ЕСЧП не верува дека тие ја загрозуваат националната безбедност, како што тврди бугарската држава.

Митологија vs. Прагматизам

„Фуснотите“ во Резолуцијата на ЕП доаѓаат во време кога односите Софија-Скопје се ставени на тест. Тврдоглавоста што ја покажуваат бугарските владетели во врска со македонскиот јазик и идентитет може да ги уништи надежите на Северна Македонија за започнување разговори за членство со ЕУ за време на германското претседателство.

Во меморандумот со условите за бугарска поддршка за Скопје, македонскиот јазик е претставен како „пишана регионална норма на бугарскиот јазик“, а македонската нација само како плод на југословенската пропаганда. Преовладувачките коментари и реакции од бугарската страна покажуваат френетична поддршка за овие позиции.

Во ситуација на граѓанско незадоволство и барања за оставки, одбраната на ваквите тези може уште еднаш да ја зголеми поддршката за Бојко Борисов. Неговите коалициски партнери од ВМРО веќе го користат овој нов адут, иако според мислењето на историчарите и интелектуалците за меморандумот, проблемот со „доминацијата на застареното, романтично и митолошко историографско размислување (за Македонија) е присутно во самата Бугарија.”

Македонското прашање има потенцијал да ја одведе енергијата на 90-дневните граѓански протести во ќорсокак.

Национализмот не е разоружан на Балканот, иако во 1999 година премиерот Иван Костов објави дека со ратификувањето на Рамковната конвенција за правата на националните малцинства, ќе кажеме: „Збогум на патриотизмот и сите видови екстремизам!“ Се чини дека збогувањето не е готово, а во бугарското право и натаму нема дефиниција за „национално малцинство“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи