1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Големата лага на Алекса

Мартин Муно
13 април 2019

Не е изненадување дека соработниците на Амазон ги прислушкуваат приватните разговори преку гласовниот асистент Алекса. Но, тоа покажува дека се наоѓаме на пат кон општетсво без приватна афера, смета Мартин Муно.

https://p.dw.com/p/3GihI
Lautsprecher Amazon Echo Alexa Voice Service
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Ако на Алекса, практичниот говорен асистент на интернетската трговија Амазон, ѝ се постави директно прашање: „Дали ме шпионираш?“, апаратот веднаш ќе одговори: „Не, заштитата на твоите податоци ми е многу важна“. Колку му е важна, се виде деновиве, кога е објавено дека Амазон и неговите соработници секој ден преслушуваат и анализираат илјадници разговори на корисниците со помош на овие апарати. Секако, корисниците за тоа не дознаваат ништо. Тоа го потврди и Амазон. Тврди дека со тоа „сака да го подобри доживувањето на муштериите“.

Одговорот е занимлив, зашто и тој веќе покажува дека на Амазон му е поважно „доживувањето на корисниците“ отколку нивната приватност. Зашто, не се снимаат само „службени“ налози, односно такви кога корисникот јасно ја овласти Алекса. Блумберг објави извештај каде до Амазон стигнало и пеење под тушот, крик за помош од едно дете и дури и можен случај на силување.

Големо слегнување со рамената

Значи, кај Амазоне залудно да се бара барем некакво чувство на вина дека таквите акции ги прекршуваат гаранциите за тајност на телекомуникациите, какви се наоѓаат дури и во германскиот устав или јасната одредба на Уставниот суд за правата на граѓаните сами да одлучуваат за информациите за својата личност (слични одредби нема само во Германија). Темелните човекови права без размислување се жртвуваат на олтарот на „доживувањето на муштеријата“. Тоа е едната страна од скандалот.

Друга страна е што само малубројни луѓе тоа уште воопшто го доживуваат као скандал, туку едноставно само се слегнува со рамената. Изгледа дека комоцијата да се комуницира порадо усмено отколку писмено на интернет на многумина им е поважна отколку тоа што лични, па и интимни разговори стигнуваат во јавноста каква што денес се создаде.

Kommentarbild Muno Martin
Мартин Муно

Границата меѓу приватниот живот и јавноста со години се преместува. Полека но сигурно се движиме во ерата Post Privacy. Многу работи откриваме нанадвор по своја волја, на пример во нашите бројни членства во разни социјални мрежи. Така, некои работи кои порадо би си ги задржале за себе, сепак излегуваат на виделина, така што нашата трага низ интернет може интелигентно да се поврзе. Треба да се потсетиме на постапката на фирмата Кембриџ Аналитика, која без потешкотии можела точно да ги открие личните карактеристики на корисниците врз основа на нивните примени и испратени пораки на Фејсбук. 

Настапува ерата на Орвел?

Дека таквото ограничување на приватноста, поврзано со обработка на голема количина податоци, може да доведе до тотален надзор, се гледа од примерот со Кина. Таму моментно се воведува „социјален кредитен систем“ каде на властодршците им се овозможува доделување поени кои потоа ќе решаваат кој е добар, а кој лош поданик и граѓанин. „Лошите“ можат да бидат и казнети. Кого камерата ќе го фати при преминување на црвено светло на семафорот или кој ја критикува Комунистичката партија, нему му се забранува користење одредени сообраќајни средства или испраќање на неговите деца во некои училишта.

Може ли Европа да стигне до вакво секојдневие кое нималку не заостанува зад Орвеловата „1984“?  Сакаме да веруваме дека е тоа неможно.  Сепак, сите треба да бидеме повнимателни со нашите податоци. Зашто, како што знаеме од Алекса: не знаете кој слуша. Знаеме само дека Алекса дебело лаже кога со нејзиниот нежен женски глас вели дека ѝ се важни нашите лични податоци.