Амазон ја „скротува“ расмеаната асистентка Алекса
8 март 2018Амазон денеска реагираше на поплаките на корисниците, кои неконтролираното кикотење на Алекса го оценуваат за иритирачко, несоодветно и заплашувачко.
Причина за загадочните напади на смеа на Алекса, според концернот, е технички дефект: паметниот звучник зачестено сметал дека прима наредба „„Алекса, смеј се!“("Alexa, laugh!,) иако таа воопшто не била изговорена, соопшти Амазон.
Во иднина Алекса ќе избувнува во смеа само на прашањето : „Алекса, можеш ли да се смееш? (Alexa, can you laugh?"), изјави портпарол на концернот. Тогаш Алекса ќе одговара: „Секако дека можам да се смеам“, пред да почне тоа и да го прави.
Во изминатите недели се намножија сведоштва на иритирани корисници на социјалните мрежи, за некои смеењето на Алекса било забавно, но за други невообичаено и неприфатливо.
На Твитер еден корисник напиша: „Ако Алекса така в лице ви се смее, претставете си што зборува зад вашиот грб“. Видео на кое се документира нападот на смеа на Алекса, споделено на Твитер, во две недели беше прегледано преку еден милион пати.