1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Критика за идните ковид-мерки во Германија

СН | АРД
9 ноември 2021

Дали корона-мерките на веројатната идна владина коалиција во Германија одат доволно далеку? Многумина велат не. Нацрт-законот создава правна сигурност за мерките на сојузните покраини, се бранат трите партии.

https://p.dw.com/p/42m0T
Носењето маска во затворени простории е и останува една од темелните мерки за заштита од коронавирусот во Германија
Носењето маска во затворени простории е и останува една од темелните мерки за заштита од коронавирусот во ГерманијаФотографија: Robert Michael/dpa-Zentralbild/picture alliance

Социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП) ги отфрлија критиките на нивниот нацрт-закон за времето по вонредната епидемиолошка состојба. „Со законот создадовме правно сигурна основа за сите неопходни мерки“, рече Марија Ана Клајн-Шмајнк од Зелените на заедничката прес-конференција. Предлог-законот на партиите од веројатната идна владина коалиција за борба против пандемијата предизвика незадоволство. Политичарот од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Александар Добринт во изјава за весникот „Аугзбургер Алгемајне“, како премногу ризична  ја отфрли одлуката на трите партии да дозволатда истече вонредната епидемиолошка состојба во земјата.

„Политички да се стави крај на вонредната епидемиолошка состојба без да се именуваат вистински соодветни алтернативи, додека хоспитализацијата всушност се зголемува, е сигнал за немање план.“

Кристин Ашенберг-Дугнус од ФДП се спротивстави на ова. „Со крајот на вонредната епидемиолошка состојба, во никој случај не се вели дека короната е завршена“, рече таа. „Сакаме да им дадеме на сојузните покраини можност да ги продолжат на законска основа мерките како што е обврската за носење маска“.  Построгите мерки, како што е локдаунот, не се корисни во сегашната ситуација. Затоа, според Ашенберг-Дугнус не е неопходно да се продолжи епидемиолошката вонредна состојба.

Претставници на ФДП, СПД и Зелените при претставувањето на нацрт-законот за идните корона-мерки во Германија
Претставници на ФДП, СПД и Зелените при претставувањето на нацрт-законот за идните корона-мерки во ГерманијаФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Барања за задолжително тестирање на негувателките и медицинските сестри

Социјалното здружение ВдК и Германската фондација за заштита на пациентите побараа дневна обврска за тестирање за сите што работат како негувателки и медицински сестри. Статусот на вакцинација воопшто не треба да игра улога, изјави Ојген Брајш од ВдК. 

Нацрт-законот на СПД, Зелените и ФДП во моментов предвидува дека само сите невакцинирани медицински работници треба да се тестираат секојдневно. Сепак, во тек се советувања за тоа до кој степен треба да се тестираат и вакцинираните и луѓето кои прележале Ковид-19, рече Сабине Дитмар од СПД. 

Можни се и редовни тестирања два-три пати во неделата, како оние во училиштата. Таа ги отфрла секојдневните тестирања, бидејќи на тој начин невакцинираните ќе бидат третирани на ист начин како и вакцинираните и оние кои оздравеле.

Имплементацијата на правилото 3Г на работното место сè уште е недоразјаснета

Претседателот на Советот на германските градови, Хелмут Деди, во изјава за печатот, инсистира на уште една конференција на премиерите на покраините со сојузните власти околу мерките против пандемијата. „Наместо со денови да се зборува за една таква опција, можеби треба да тоа да се направи и заеднички да се договори стратегија за блиската иднина“, рече тој. Клајн-Шмајнк возврати дека премиерите ќе можат слободно да се состанат во секое време. Според нацрт-законот на СПД, ФДП и Зелените, запирање на драстичното зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот треба да се постигне преку враќање на бесплатните брзи тестови за сите граѓани, таканареченото правило 3Г (оздравени, вакцинирани и тестирани - соодветните германски зборови почнуваат на буквата Г) на работното место, и со финансиска помош за клиниките. Како точно во пракса би изгледала примената на регулативата 3Г на работното место, сè уште не е јасно. „Му наложивме на сојузното министерство за труд и социјала да развие формулација за законскиот текст“, изјави Дитмар.

Во меѓувреме, генералниот секретар на СПД, Клингбајл изрази задоволство од текот на коалициските преговори со ФДП и со Зелените. Во моментов има околу 300 политичари во 22-те работни групи кои дискутираат за своите позиции, рече Клингбајл на радиото Дојчландфунк. Според него, притоа е сосема нормално понекогаш да има и застои, но, убеден е дека специјалистичките групи утре ќе ја завршат работата според планираното.