1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгресот ја потврди победата на Бајден на изборите

ЖА / агенции
7 јануари 2021

Конгресот дефинитивно и неотповикливо го потврди изборниот резултат и победата на Бајден. Тоа не можеше да го спречи ни насилната толпа на поддржувачи на Трамп, кој преку Твитер вети мирно предавање на власта

https://p.dw.com/p/3ncrv
USA | Präsidentschaftswahl | Demonstranten im Capitol | Joe Biden
Фотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

По насилниот упад во Капитол, Конгресот во раните утрински часови ја потврди победата на Демократот Џо Бајден на претседателските избори. Актуелниот потпретседател Мајк Пенс го соопшти официјалниот конечен резултат на заедничка седница на двата дома на Конгресот. Претходно, Конгресот мораше повеќе часови да го прекине заседанието, зашто во зградата упаднаа разјарени поддржувачи на поразениот претседател Доналд Трампво зградата упаднаа разјарени поддржувачи на поразениот претседател Доналд Трамп.Во официјалната пост-изборна процедура во САД е предвидено сертифицање во Конгресот и на резултатите од одделни сојузни држави, па дури потоа изборниот исход е конечен. Тоа е крајниот чин на долготрајниот формален акт на инаугурација на нов претседател. Вообичаено, процедурата е формална и тече брзо. Но, годинава се претвори во драматична кулминација на беспримерниот поход на претседателот против изборниот резултат.

Доналд Трамп во ноември ги загуби изборите против својот предизвикувач од Демократската партија, Џо Бајден, но одби да го признае поразот. Трамп тврди дека со масивна изборна измама му е украдена победата. Ниту тој ни пак неговите адвокати не приложија веродостојни докази за тврдењето. Редица жалби од таборот на Трамп се одбиени од судовите, вклучително и од Врховниот суд на САД. Избирачките комисии од сојузните држави ја потврдија јасната победа на Џо Бајден, кој освои 306 од 538 електорски гласови, додека Трамп доби само 232. Оваа бројка сега е потврдена и во Конгресот.

US-Wahl Kongress | Pence verkündet Zertifizierung des Wahlergebnisses
Потпретседателот Мајк Пенс го прогласи официјалниот изборен резултатФотографија: J. Scott Applewhite/AP/picture alliance

Трамп со недели денот на оваа седница на Конгресот, без никаква основа, го претставуваше за последна можност за соборување на изборниот исход. Водени од неговите тврдења за измама, републикански претставници поднесоа жалби против изборниот резултат во сојузните држави Аризона и Пенсилванија, предизвикувајќи Претставничкиот дом и Сенатот да се повлечат на засебни седници за да ги дискутираат поднесоците. Но, акцијата уште од самиот почеток беше без изгледи за успех. Двата дома ги одбија приговорите.

Првично, Републиканци кои му се најверни на Трамп планираа оспорување на резултатот и во други сојузни држави, но по масивните безредија околу Конгресот, повеќе сенатори ја повлекоа поддршката за ионака внатре во партијата спорната акција.

Илјадници приврзеници на Трамп допатуваа вчера во Вашингтон на протести против потврдата на изборниот резултат од претседателските избори. По подбуцнувачкиот говор на претседателот Трамп, неговите симпатизери упаднаа во зградата на Конгресот. Претставничкиот дом и Сенатот мораа итно да ги прекинат сендиците, пратениците и сенаторите беа одведени на безбедно. Дури по повеќе часови силите на безбедноста ја доведоа ситуацијата под контрола, по што Конгресот демонстративно ја продолжи работата. Бајден треба да биде инаугуриран за претседател на 20 јануари.

Трамп вети уредно предавање на власта

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот избран наследник на функцијата му вети уредно предавање на власта на денот на неговата инаугурација. Неговиот советник Ден Скавино ја објави изјавата на Твитер, во која Трамп пак ги повторува неоснованите тврдења за наводна изборна измама и го доведува во сомнеж исходот потврден и од Конгресот.

Ќе биде извршено примопредавање на власта, иако тој не е согласен со изборниот резултат, вели Трамп, кој времето на својот мандат го нарекува „највеличенствено во историјата“ и „само почеток на нашата борба“ под мотото „Америка на прво место“.

Тоа што Трамп не ја објави изјавата на неговиот сопствен Твитер-профил има причина – неговото конто во моментов е блокирано, Твитер синоќа реши да му воведе 12-часовна блокада.