Кина забрани трговија со криптовалути
25 септември 2021Кинеската Централна банка ги прогласи сите трансакции кои го вклучуваат биткоинот и останатите виртуелни валути за незаконски како дел од својата кампања да ја блокира употребата на неслужбени дигални пари, што доведе до пад на вредноста на биткоинот.
Цената на биткоинот падна за над 8 отсто веднаш по објавувањето на оваа информација, на малку над 41.000 долари.
На кинеските банки од 2013 година им е забрането да работат со криптовалути, но владата годинава издаде потсетник поради загриженост дека трговијата со криптовалути сѐ уште би можела да се одвива или оти државниот финансиски систем би можел да биде изложен на ризици.
Во соопштението објавено вчера, кинеската Народна банка наведува дека биткоинот, етереумот и останатите дигитални валути го нарушиле финансискиот систем и оти се користени за перење пари и за други криминални активности.
Оние кои се залагаат за користење на криптовалутите велат оти дозволуваат анонимност и флексибилност, но кинеските регулаторни органи се грижат дека би можеле да ја ослабат контролата на владеачката Комунистичка партија над финансискиот систем и би можеле да помогнат при сокривање на криминалните активности, наведува весникот Гардијан.
Кинеската Народна банка развива еклектронска верзија на Јуан во земјата за безготовински трансакции кои Пекинг може да ги следи и да ги контролира.