Кина ги повикува сите да се смират
28 февруари 2022Кина смета дека треба сериозно да се земе предвид легитимната загриженост на сите земји за својата безбедност.
Портпаролoт на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска изјави дека сите страни треба да останат смирени и треба да се избегне натамошна ескалација на ситуацијата. Изјавата на Ванг доаѓа по барањето на рускиот претседател Владимир Путинза ставање во состојба на висока готовност на нуклеарниот арсенал на Русија.
Освен тоа, Кина ги критикува западните санкции против Русија. Тоа не е решение на проблемот, туку само ги заострува постоечките проблеми, оцени Министерството за надворешни работи во Пекинг.
ЕУ во текот на ноќта ги стави во сила острите санкции против Руската централна банка. Тие, меѓу другото, опфаќаат забрана за трансакции со таа банка, а се замрзнува и нејзиниот имот.
Кина денеска го повтори ставот дека се противи на, како што вели, „илегални“ и „унилатерални“ санкции.