Ким ѝ се заблагодари на Јужна Кореја
13 февруари 2018Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, според државните медиуми, бил многу импресиониран од соседната земја Јужна Кореја. Државната севернокорејска новинска агенција КЦНА објави дека Ким вчера го слушнал извештајот на својата сестра и други високи функционери по враќањето од Олимпијадата . Тој со задоволство го прифатил тоа и изјавил дека „Југот - кој на севернокорејската делегација ѝ подготвил посебен прием - бил многу импресивен".
Ким притоа ѝ изразил благодарност на Јужна Кореја, извести КЦНА. „Важно е да се продолжи со добрите резултати со натамошно заживување на климата на помирување и дијалог, која беше создадена од силната желба и од заедничката волја на Северна и на Јужна Кореја“, ги цитираше зборовите на севернокорејскиот лидер, државната новинска агенција.
Повеќе на темата:
-Пенс: САД се отворени за преговори со Северна Кореја
-Покана од Пјонгјанг за самит на двете Кореји
-Пјонгчанг- Олимпијадата нема да го спаси светот
Северна Кореја на првиот викенд од Зимските олимписки игри во Јужна Кореја со шарм-офанзива упати сигнал за помирување. Севернокорејската делегација, која претстојуваше во Пјонгчанг три дена, меѓу другото и на отворањето на Игрите, формално беше предводена од претседателот на Претседателството на севернокорејското собрание Ким Јонг Нам, но вистинската водечка улога ја имаше сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг. Таа на јужнокорејскиот претседател Мун Џае му предаде покана од нејзиниот брат за посета на Пјонгјанг.
Во изминатите месеци конфликтот околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма се заостри. Раководството во Пјонгјанг повеќепати со ракетни и атомски тестови ги рекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, кој пак од своја страна реагираше со заострување на санкциите.