1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ким сака приближување на двете Кореи

СН/ агенции
6 март 2018

И покрај конфликтот околу спорната атомска програма на неговата земја, севернокорејскиот властодржец има намера да го продолжи приближувањето кон Јужна Кореја.

https://p.dw.com/p/2tkod
Nordkorea Kim Jong Un mit südkoreanischer Delegation
Фотографија: picture-alliance/Newscom/KCNA

За првпат од преземањето на власта на крајот на 2011 година, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун официјално прими во посета претставници на соседна Јужан Кореја. По вчерашната заедничка вечера, на денешната средба во Пјонгјанг било разговарано и за можниот самит со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин. Претставник на кабинетот на јужнокорејскиот претседател потврди дека на средбата имало такви дискусии. Договор за самит меѓу Ким и Мун меѓутоа не бил постигнат, се вели во Сеул.

Повеќе:

-Историска средба во Пјонгјанг

-Корејски конфликт: што ќе остане од Пјонгчанг?

-Ким ѝ се заблагодари на Јужна Кореја

Државните севернокорејски медиуми предходно известија дека на разговорите во Пјонгјанг  по прашањето на евентуална средба на двајцата лидери бил постигнат „задоволувачки договор“. Детали не беа наведени. Според извештаите, Ким Јонг Ун дал препораки да се преземат практични чекори во таа насока. Делегацијата од Сеул, според севернокорејските медиуми, претходно на Ким му предала писмо од претседателот Мун за неговиот план за заедничката средба.

Nordkorea Kim Jong Un spricht mit südkoreanischer Delegation
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA

„Отворени разговори“

Според наводите на претседателскиот кабинет во Сеул, разговорите меѓу севернокорејскиот лидер и посетителите од Јужна Кореја траеле повеќе од четири часа. Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА јави дека Ким „срдечно ги пречекал“ претставниците од Јужна Кореја и оти биле водени „отворени“ разговори. Притоа, според КЦНА, станало зор за тоа како активно да бидат подобрени односите меѓу Пјонгјанг и Сеул и како може да бидат гарантирани мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров.

Од извештаите, меѓутоа не е јасно, дали на средбата станало збор и за спорната атомска програма на Северна Кореја. Претставник на претседателскиот кабинет во Сеул во изјава за јужнокорајеската новинска агенција Јонхап рече дека претпоставува за тоа било зборувано во Пјонгјанг.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид