1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Како до ефикасна настава преку интернет?

СН/дв
27 март 2020

Италија е во карантин, но училишното полугодие продолжува со настава преку интернет. Како наставниците комуницираат онлајн со своите ученици и како успеваат да ги задржат концентрирани на наставата?

https://p.dw.com/p/3a4f8

Ана Ламперт е учителка во германско училиште во Рим, но што да се прави без училница? Таа изработи наставна програма, користејќи материјали од интернет и ги сними своите видео-лекции за интернет часовите. 

Но, училиштето преку интернет е далеку од лесно. Кој видео формат треба да го користам? Како можат да го отворат учениците? Прашањата и проблемите не се секогаш лесни за решавање - можеби учениците имаат прашања или не разбрале нешто.

Повеќе:

-Подобри вести од Италија, СЗО предупредува дека вирусот „забрзува“

-Италија ги затвора и фабриките откако во еден ден починаа 800 луѓе од коронавирус

-Солидарност во Италија во време на коронавирус - младите ги крепат старите

Друг голем проблем е: фокусирањето на наставата. Тешко е да се учи во карантин. Ламперт, разговара и со своите ученици за тоа. Еден од нив вели :
„Кога имате толку многу слободно време и се очекува да го организирате  своето време, тогаш е многу лесно да направите многу малку, па дури и ништо. Ако училиштето го структурира вашиот ден, тогаш тоа би било огромна помош“.

Италија е најтешко погодена земја од коронавирусот. Досега преку 8200 луѓе починаа од Ковид-19 а  регистрирани се над 8500 заразени. Секојдневието па така и училишниот живот е свртен на глава. Но, полугодието мора да продолжи...