Исламот и насилството
30 мај 2016Реклама
Исламистичките терористи сигурно немаат монопол над насилството, но на светската карта на тероризмот особено се истакнува исламистички мотивиранто насилство. По нападите во Париз и Брисел, многумина си го поставуваат прашањето колку е компатибилен исламот со секуларните и демократски општества во Европа. Полето на дискусија не би требало да им се препушти на деснопопулистичките струи. Тие креираат слики на непријатели и поттикнуваат расположение контра исламот. Затоа, Дојче веле им остава простор на духовници, научници и новинари пред сѐ од исламскиот свет, самите да зборуваат за односот на исламот и насилството и да покажат патишта за излез од радикализмот.