1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од утре масовна имунизација во Индија, а вакцини нема

Петер Хорнунг | АРД
30 април 2021

Индија од утре треба да овозможи вакцинација на сите возрасни над 18 години. Но, земјата нема вакцини. А, масовна имунизација во актуелната криза со Ковид е поважна од кога и да е.

https://p.dw.com/p/3soqL
Corona-Pandemie Indien | Neu Delhi Impfung
Фотографија: PRAKASH SINGH/AFP

Дошла да се вакцинира, затоа што бројот на инфицирани е многу голем, вели млада жена од Ченаи, во јужниот дел на Индија, за телевизијата НДТВ. Но, сега е потрошен и Коваксинот, вакцина развиена во Индија. Тоа е прилично застрашувачки, вели девојката: „Видовме дека нема вакцини. Има само Ковишилд. Немаше вакцини дури ни за луѓето кои дошле да добијат втора доза.“

Во Индија во моментов на располагање има две вакцини - индискиот Коваксин и вакцината на АстраЗенека која во Индија се произведува со лиценца под името Ковишилд. Со овие вакцини од утре би требало да може да се вакцинираат сите кои се на возраст над 18 години - околу 600 милиони луѓе.

Повеќе: Глобално корона-жариште: Експоненцијален раст и рекордна смртност во Индија

Пари има, вакцини нема!

Но, се чини токму сега нема доволно вакцини, се жалат повеќе индиски сојузни држави. Се подготвувале за масовна вакцинација, вели мниистерката за здравство на сојузната индиска држава Керала, К.К. Шаилаџа: „Мега кампања за која беа обучени илјадници лекари и медицински персонал, но нема вакцини.“

Слично е тврдењето и на нејзиниот колега од сојузната држава Џарканд, Бана Гупта: „Добивме задача да ги вакцинираме возрасните над 18 години, но не сме во состојба ниту да купиме вакцини.“

Повеќе: Корона-драма во Индија: И армијата на помош

TABLEAU | Coronavirus Indien
Луѓе чекаат со часови за да се вакцинираат (Мумбаи, 26.04.2021)Фотографија: Ashish Vaishnav/ZUMAPRESS/picture alliance

Пари има, но едноставно нема доволно вакцини на располагање. Индија со вакцинирање почна во јануари годинава. Тоа е најголема кампања на вакцинирање во светот, многу амбициозен потфат. Прво беа вакцинирани медицинскиот персонал, полицајците и пожарникарите. Потоа на ред дојдоа луѓето над 60-годишна возраст, а од април сите над 45 години. Со лицата над 18 години, кои би требало да можат да се вакцинираат од утре (1.05.20201), право на вакцина би имале околу една милијарда луѓе.

Повеќе: Коронавирус: колку е опасна „двојната мутација“ од Индија?

Сомнежи во ветувањата на политиката

Но производството на вакцини заглави поради недоволно суровини. САД воведоа забрана за извоз, која е укината дури оваа недела. До крајот на март Индија доставуваше вакцини во рамки на ОН-иницијативата Ковакс за посиромашните земји - сѐ додека во Индија не дојде до експлозија на бројот на инфицирани.

TABLEAU | Indien Coronakrise Impfungen Krematorien
Фотографија: Francis Mascarenhas/REUTERS

Шефот на регионалната влада во Делхи, Арвинд Кеџривал, вели дека не треба да се застане во ред за вакцина веќе утре, но дека за ден-два ситуацијата ќе се промени. Властите се во контакт со производителите на Коваксин и Ковишилд. Кеџривал дава надеж дека вакцинирањето наскоро ќе добие на темпо. „Не се туркајте, секој ќе биде вакциниран. Подготвени сме, но потребна ни е ваша помош“, вели тој и ветува дека за три месеци би требало да бидат вакцинирани барем луѓето во Делхи. Ветување на кое многумина гледаат со скепса.