Индија: И армијата на помош
27 април 2021Бројот на заразени со коронавирусот рапидно се зголемува - се чини дека една од причините за ова е особено заразниот мутантен вирус Б.1.617, откриен во Индија. Откако властите вчера регистрираа уште еден негативен рекорд од речиси 353,000 нови инфекции, и тоа петти ден по ред, и индиската армија сега сега се вклучува во борбата против катастрофалниот бран на Ковид-19. Началникот на Генералштабот Бипин Рават најави распоредување пензиониран воен персонал во клиниките. Покрај тоа, залихите на кислород од армиските резерви ќе бидат ослободени за цивилна употреба. Министерот за здравство Харш Вардан на Твитер објави дека ќе бидат поместени и „небото и земјата“ во борбата против вирусот.
Ситуацијата во Индија е повеќе од срцепарателна, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација.
„СЗО прави се што може за снабдување со материјали и основна опрема“ како што се концентратори на кислород, подвижни теренски болници и лабораториска опрема, рече на прес-конференција Тедрос Аданом Гебрејезус.
Повеќе:
-Индија – катастрофа со најава
-Колку е опaсен индискиот сој на коронавирусот?
-Коронавирус: Мрачен светски рекорд на Индија
За неколку дена, таканаречениот индиски сој на вирусот предизвика хаос во земјата со 1,3 милијарди население. Индискиот здравствен систем е погоден од нов бран инфекции, делумно припишан на таканаречениот индиски сој на коронавирусот, наречен Б.1.617. Се нарекува двоен мутант затоа што носи две загрижувачки мутации на ниво на врвниот протеин на вирусот Сарс-Ков-2, кој стои зад пандемијата Ковида-19.
Првата варијанта е блиска на оние веќе забележани во јужноафриканската и бразилската варијанта, за кои постои сомневање дека имаат послаб ефект на вакцинација и поголем ризик од инфекција. Втората варијанта, која исто така е забележана во сој што е забележан во Калифорнија, може да носи посилна можност за пренесување. За прв пат, двата соја се појавуваат заедно.
СЗО смета дека оваа индиска мутација треба да се следи, но наведува дека сè уште нема доволно податоци за да се утврди дали станува збор за „загрижувачки сој“ на вирусот.