1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Израел: Почна вакцинирањето со трета доза

Сабине Фабер
30 јули 2021

Израел се смета за светски првак во вакцинирање против коронавирус. Луѓето таму беа вакцинирани најбрзо од сите држави во светот. Многумина ја имаат примено втората доза одамна. Затоа сега почнува кампањата за трета доза

https://p.dw.com/p/3yJur
Israel Netanya | Impfauffrischung gegen Corona
Досега трета доза имаат примено околу две илјади лица чиј имунолошки систем е ослабенФотографија: Ronen Zvulun/REUTERS

Израел е првата земја во светот која ќе им дава трета доза од вакцината против коронавирус на луѓето над 60-годишна возраст. Премиерот Нафтали Бенет соопшти дека тоа важи за пациенти кои ја добиле втората доза од вакцината пред најмалку пет месеци. Според производителите Бионтек/Фајзер, новите студии покажуваат „дека третата доза од вакцината има неутрализирачко дејство кај Делта сојот, кое кај младите луѓе е над петпати поголемо, а кај постарите над единаесетпати поголемо“.

Претседателот на Израел, Исак Херцог (60 години), е првиот кој прими трета доза од вакцината. Тој заедно со својата 60-годишна сопруга Михал Лиес се вакцинираше во болницата Шеба во Тел Авив. Масовното вакцинирање со трета доза би требало да почне за неколку дена, наведе премиерот Бенет. „Ги повикувам постарите луѓе, кои веќе имаат примено втора доза, да се вакцинираат по третпат“, рече Бенет, додавајќи дека тоа штити од тешки заболувања и смрт.

Повеќе: Паметната стратегија на вакцинирање на Израел

Израелскиот премиер информираше дека во Израел досега трета доза имаат примено околу две илјади лица чиј имунолошки систем е ослабен, на пример поради трансплантација на органи, рак или проблеми со бубрезите. Притоа, како што рече Бенет, немало нуспојави.

Кампањата за трета доза почна поради информациите од Министерството за здравство на Израел дека од почетокот на јуни е многунамалена ефикасноста на вакцината Бионтек/Фајзер. Таа, како што се наведува од Министерството, сега штити од инфекција во 39% од случаите, но сѐ уште спасува од тешко заболување во 91% од случаите. Истовремено, во земјата сѐ повеќе се шири Делта сојот.