1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Значително намален бројот на баратели на азил во Германија

ЕМФ | агенции
26 декември 2019

Бројот на барања за азил во Германија во 2019 година се намалил значително, информираат медиумите од германската групација Функе.

https://p.dw.com/p/3VLBu
Symbolbild zur Integration von Asylanten im deutschen Arbeitsmarkt Emblem...
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Peters

Во периодот од јануари до ноември 2019 година првпат барање за азил во Германија поднесле 133.270 лица, информираат медиумите од групацијата Функе, повикувајќи се на податоци од европската служба за статистика Евростат. Тоа претставува намалување од 13 проценти во споредба со истиот период претходната година.

Повеќе: 

Нигериски студенти доживеаја кошмар во Хрватска

Грција ги става бегалците под надзор

Намалувањето во 2018 година, во споредба со 2017-та, пак, изнесуваше 16%. Кога ќе се направи споредба на ниво на ЕУ, Германија е и натаму најпосакувана цел за барателите на азил, но уделот е паднат на 23%. Во 2018 година уделот изнесуваше 28%, додека во 2017 година беше 31%.

Ми рече „бабо“ и ми влезе во срцето

Податоците на Евростат покажуваат дека на ниво на Европската унија бројот на лица кои првпат поднесуваат барање за азил се зголемил за 8,6% - од 435.610 на 473.215. Зголемувањето е особено забележливо во Франција и Шпанија. Земји од каде доаѓаат најголем број од барателите на азил се Сирија, Авганистан и Венецуела.