1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски: Донбас е комплетно разурнат

ЕМФ | агенции
20 мај 2022

Ситуацијата во Донбас е „пекол“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој зборува за целосно разурнат регион.

https://p.dw.com/p/4Bbqb
Ukraine-Krieg | Gefechte im Donbass
Фотографија: Alex Chan Tsz Yuk/SOPA Images/ZUMA Press/picture alliance

Руските сили, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно го уништиле источниот регион Донбас. Во својата ноќна видео порака, Зеленски ја обвини Москва дека бесмислено бомбардира додека офанзивата се интензивира. „Во Донбас, окупаторите се обидуваат да го зголемат притисокот. Таму е пекол и ова не е претерување“, додаде Зеленски.

Според гувернерот на регионот Луганск, Серхиј Гајдај, во руското бомбардирање во изминатите 24 часа загинале 13 лица, најголемиот дел во градот Сјеверодоњецк.

„Противникот е во офанзива во делот на Лисичанск и Сјеверодоњецк“, соопшти украинскиот Генералштаб и додаде дека украинските сили го одбиле нападот во Сјеверодоњецк. Борби се водат и во неколку места на граничната линија помеѓу регионите Луганск и Доњецк.

Infografik Welche Teile der Ukraine werden von russischen Truppen kontrolliert EN
Делови од Украина под контрола на руските трупи (состојба 8 мај 2022 година)

Милијарди евра за одбрана

Украинскиот претседател Зеленски потенцира дека руската инвазија на неговата земја секој месец предизвикува дупка во буџетот од околу 5 милијарди американски долари (4,8 милијарди евра).

- повеќеПеколот на Азовстал: Сведоштво на евакуирана Украинка

„За да се издржи во војната за слобода, потребна ни е брза и доволна финансиска поддршка“, оцени тој. Според Зедленски, странските партнери на Украина не би требало на помошта да гледаат како на подарок, туку како „придонес за сопствената безбедност“. Украина, нагласува Зеленски, ги штити другите земји од војна.