1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Забрана за грчките неонацисти- победа за демократијата

БГ /АП
7 октомври 2020

Суд во Атина денеска пресуди дека деснорадикалната партија Златна Зора функционира како криминална организација. Пресудата има големо значење за демократијата, но и за семејствата на жртвите на партијата.

https://p.dw.com/p/3jaJ8
Griechenland Prozess Goldenene Morgenröte
Фотографија: Alkis Konstantinidis/Reuters

Судот пресуди дека седум од 18 обвинети поранешни пратеници на Златна Зора, вклучително и партискиот лидер Никос Михалолиакос се виновни за раководење со криминална организација. Останатите беа осудени за учество во криминална организација. Севкупно, на обвинителната клупа се најдоа 68 обвинети за четири различни кривични дела.
Формирана како неонацистичка групација во 1980-те години, Златна Зора нарасна до трета по големина партија во Грција благодарение на финансиската криза.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека пресудата „му става крај на трауматичен период“ во јавниот живот на земјата.

Griechenland Prozess Goldenene Morgenröte
Десетици илјади луѓе го очекуваа изрекувањето на пресудата пред судската зградаФотографија: Angelos Tzortzinis/AFP/Getty Images

„Ова е навистина историски ден за Грција, за демократијата и владеењето на правото“, твитна Мицотакис.
„Откако грчкиот народ ја истера неонацистичката Златна Зора од парламентот на последните избори, денес грчкиот правосуден систем го осуди нејзиното раководство за функционирање како криминална организација“.

По веста за пресудата, околу 20 илјади луѓе-учесници на антифашистички протест- започнаа славје пред судот. Дел од нив фрлаа молотови коктели и камења врз полицијата која возврати со солзавец и водени топови.

Маратонското судење опфаќаше четири случаи слеани во еден: убиството на грчкиот рапер Павлос Фисас во 2013, физички напад врз египетски рибари во 2012 и врз левичарски активисти во 2013, и последното обвинување дека Златна Зора функционира како криминална организација. Вкупно 16 луѓе беа осудени за убиството на Фисас меѓу нив, и директниот извршител на делото.

Излегувајќи од судницата, мајката на Фисос Магда, која ги следеше речиси сите рочишта во последните 5 години, ги подигна рацете и извика: „Павлос успеа. Мојот син!“ За виновни беа прогласени и деветмина напаѓачи врз египетските рибари и левичарските активисти.
Од вкупно 43 обвинети за учество во криминална организација, 15 беа ослободени, а останатите прогласени за виновни.

Griechenland Athen | Goldenene Morgenröte | Protest und Ausschreitungen
Левичарски екстремисти се судрија со полицијата по изрекувањето на пресудата во АтинаФотографија: Costas Baltas/Reuters

„Пресудата покажува дека тие биле само банда насилници кои добивале наредби од горе“, изјави адвокатот на рибарите Танасис Камбајанисис.

Пресудите се очекуваат во следните денови но, според проценките, оние кои се осудени за раководење со криминална организација ќе добијат до 15 години затвор, нивните соучесници до 10, а убијците- доживотен затвор.

Пред судот денеска дојдоа и политичари од целиот политички спектрум, од владејачката Неа Демократија до Комунистичката партија, како и од опозициската Сириза. Пресудата ја поздравија и бројни светски организации за човекови права.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи