1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270710 Loveparade Videos Ermittlung

28 јули 2010

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија Ралф Јегер треба да го претстави првичниот извештај за катастрофата што се случи на „Парадата на љубовта“. Полицијата користи и снимки од „социјалните мрежи“.

https://p.dw.com/p/OWEC
Фотографија: AP

Според информации на весникот „Зидојче цајтунг“, во извештајот на германската полиција одговорноста за 20-те мртви и повредените во масовната паника е ставена врз грбот на организаторите на манифестацијата.

При разјаснувањето на случајот, се проценуваат и информациите и предупредувањата кои се појавуваат на т.н. „социјални медиуми“ како Твитер, Фејсбук и Јутјуб. Само на интернет видео-платформата Јутјуб до вчера попладне беа ставени околу три илјади видео-снимки во врска со „Парадата на љубовта“. Филмовите прикажуваат луѓе кои се обидуваат да се искачат по ѕидовите или да преживеат некако во толпата народ. На снимките може да се види како стотици луѓе се качуваат, газејќи луѓе кои се онесвестиле.

Loveparade Duisburg 2010 Massenpanik
Фотографија: AP

Видео-снимките се сведоштва за беспомошноста, за изгубената ориентација и очајот. Мал број луѓе од санитетските служби се обидуваат да ги извлечат безживотните тела од масата луѓе. Немаат шанси. Полицајците се обидуваат да помогнат, но не можат да спречат прилив на се‘ повеќе луѓе на просторот на одржување на парадата. Сликите го прикажуваат размерот на трагедијата.

Обидот за прашање во обвинителството дали видео-снимките се предмет на анализа, завршува брзо: „Добар ден, на ова работно место во моментов нема никој.“ По неколку часа, конечно, достапен е порптаролот на полицијата во Дуизбург. Рамон ван дер Маат разјаснува: „Полицијата ги стави видео-снимките на располагање и тие сега се предмет на анализа.“

Loveparade Duisburg Trauer
Фотографија: AP

Полицијата, притоа, прво прави обид да го определи местото на кое се наоѓале камерите, потоа движењето на луѓето, па местата на кои се туркале најголем број луѓе и дали таму имало пречки, како огради или едноставно преголем број луѓе. Видео-снимките се доставуваат потоа до полициската централа во Келн. Но, приливот на видео-докази не се намалува: „Постојано добиваме нови снимки кои ќе придонесат за разјаснување на случајот.“

Истрагата вели дека снимките имаат вредност пред судот, доколку не се преработувани. Нивното значење е големо, исто како и изјавите на интернет-форумите или блоговите. Кога ќе биде завршена проценката на видео-снимките, се‘ уште не е познато: „Поради приливот на снимки тоа веројатно нема да заврши за неколку дена“, проценува портоаролот на полицијата Рамон ван дер Маат.

Автор: Волфганг Дик/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема