1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250710 Loveparade Tote

25 јули 2010

Јавното обвинителство во Дуизбург денеска (25.07.2010) почна истражна постапка во врска со несреќата што се случи вчера на големата техно-забава „Лав парејд“. Во човечко стампедо животот го загубија 19 лица.

https://p.dw.com/p/OUDg
Фотографија: AP

Градоначаникот на Дуизбург, Адолф Зауерланд, беше длабоко потресен кога се појави денеска на пладне пред насобраните новинари:

„Морам да ви соопштам дека бројот на жртвите се искачи на 19, а на повредените на 340. Тагата околу оваа трагична несреќа не можам да ја пренесам со зборови. Оваа несреќа е толку страшна, што човек не може ни да ја сфати. На семејствата на настраданите млади им го испорачувам сочувството на сите граѓани и граѓанки на Дуизбург.“

Градоначалникот Зауерланд побара да не се критикува паушално, туку да и’ се остави време на истражната постапка, која ќе покаже кој е одговорен за несреќата.

И странци меѓу загинатите

Pressekonferenz Loveparade Massenpanik Duisburg
Салата за пресконференции во Дуизбург беше исполнета до последно местоФотографија: picture-alliance/dpa

Детлеф фон Шмелинг од полицијата во Дуизбург, осврнувајќи се на жртвите, појасни:

„Во моментов ситуацијата изгледа така, што во тунелот кој водеше кон влезот на забавата не загинал никој. Сите 16 жртви, кои беа пронајдени на лице место се наоѓаа на западната страна од влезот. 14 од нив биле кај попречените метални скали, а двајца покрај ѕидот со плакати веднаш кај качувањето кон просторот на забавата. Полицијата до сега успеа да идентификува 16 жртви“, изјави Шмелинг и додаде дека меѓу жртвите има и странски граѓани - по еден од Холандија, Италија, Кина и Австралија. Сите биле на возраст меѓу 20 и 40 години. Соодветните амбасади веќе се информирани за нивните граѓани, кои се наоѓаат меѓу жртвите.

Погрешна проценка на организаторите?

Loveparade Duisburg 2010 Massenpanik
Трагична сцена од вчерашната „Парада на љубовта“Фотографија: AP

На пресконференцијата беше истакнато дека просторот на поранешната товарна железничка станица во Дуизбург не бил до крај пополнет во моментот на несреќата. Тој сепак бил наменет за околу 250.000 до 300.000 посетители. Според непотврдени информации на големата техно-забава меѓутоа сакале да учествуваат повеќе од еден милиони млади. Ова беше 19. издание на „Лав парејд“, која почна пред 21 година во Берлин и во меѓувреме стана најпозната забава од овој вид во целиот свет.

Главниот организатор на манифестацијата, Рајнер Шалер, денеска на прес-конференцијата во Дуизбург порача дека традицијата ќе биде прекината:

„Од почит кон жртвите и нивните најблиски донесовме одлука да не ја одржуваме повеќе оваа манифестација. Тоа е дефинитивен крај за Лав парејд“, појасни Шалер.

Автор:Мориц Бернер/ Горан Чутановски

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема