Потврдена одлуката за почеток на ЕУ преговорите
27 март 2020Реклама
На заседанието во вонредни услови и преку видео-конференциска врска кое во целост беше посветено на мерките за одбрана од пандемијата на коронавирусот, шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ ја потврдија одлуката за почеток на пристапните преговори.
Првата честитка пристигна од американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер.
„САД ќе бидат ваш партнер на целиот пат“, порача Помпео.
Европската комисија е задолжена неодложно да изготви предлог за преговарачката рамка, по што ќе се одржи и првата меѓувладина конференција.
За Северна Македонија, за разлика од Албанија, нема дополнителни услови за почеток на преговорите.