Мас: А сега да им помогнеме да се справат и со коронавирусот
24 март 2020Европа остана на својот збор“, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во соопштение по одлуката на ЕУ да одобри почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
„Обете земји постигнаа многу во зајакнувањето на правосудниот систем и борбата против организираниот криминал и корупција. Со Преспанскиот договор и со договорот за добрососедство со Бугарија, Северна Македонија направи историски чекори за помирување во регионот“, оценува Мас. Германскиот министер оценува дека стабилни и демократски правни држави на Западниот Балкан се и во стратешки интерес на ЕУ и на Германија. Но, притоа ја потсетува ЕУ дека сега е моментот и за поинаква помош:
„Токму сега овие земји бараат поддршка и солидарност од ЕУ. Нивните ослабени здравствени системи тешко се справуваат со вирусот. Ние мораме оваа битка да ја водиме заеднички затоа што вирусот при пренесувањето не познава граници“, порачува Мас.