1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган разочаран од Меркел

СН/сгн/афп/дпа4 јуни 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку дена не реагираше на одлуката на Бундестагот за геноцидот врз Ерменците. Сега тој изрекува предупредувања и закани и обвинува за заговор.

https://p.dw.com/p/1J0bJ
Фотографија: Reuters/F. Omar

Посебно го разочарала германската канцеларка Ангела Меркел. Ердоган, како што изјави во интервју објавено од страна на повеќе турски медиуми, не сваќа зошто претседателката на Христијанско-демократската унија не успеала, да ја убеди својата партија да гласа против резолуцијата.

Тој истакна дека Меркел му ветила, дека ќе стори сѐ што е во нејзина моќ, да спречи прифаќање на таква резолуција. „Сега се прашувам? Како сега германските водечки политичари, по една ваква одлука, ќе можат да разговараат лично со мене или со нашиот премиер?“

Во четвртокот (02.06.2016) германскиот Бундестаг го осуди како геноцид масакрот врз Ерменците од страна на Османлиското царство во текот на Првата Светска Војна. Според ерменски податоци тогаш биле убиени до 1,5 милиони лиѓе. Турција пак говори за значително помалку мртво и решително ја отфрла употребата на зборот геноцид.

Закана за германската политика

Така Ердоган на адреса на официјален Берлин испрати порака дека Германија би можеќа да загуби еден важен пријател и притоа го нагласи фактот дека во Германија живеат милиони луѓе со турско потекло. Тој истотака нагласи дека не ја исклучува можноста и за санкции кон Германија. Договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција и прашањето околу визната либерализација за турските граѓани, меѓутоа се работа на Европската унија, рече Ердоган.

Türkei Proteste gegen die Armenienresolution vor dem deutschen Konsulat in Istanbul
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Kose

„Заговор во Германија“

Во Германија, истотака и во дел од тамошните медиуми, постојат групи, кои отворено се непријателски расположени кон Турција, изјави Ердоган за за весникот „Дејли Сабат“. Тие се вплеткани во заговор против земјата. Пчанот за гласање за резолуцијата мора да потекнува од некоја „надредена позиција“, истакна Ердоган.