Европа уште ќе ги поместува стрелките на часовниците
26 октомври 2019Многу држави стравуваат дека може да дојде до различни временски зони, изјави портпаролка на Финското претседателство со ЕУ денеска за новинарите од медиумската група Функе. Европскиот совет уште нема заземено став за оваа тема, а не е извесно ни дали таа воопшто ќе се најде на дневен ред на следната средба на надлежните ЕУ-министри за сообраќај на почетокот на декември.
Европската комисија предложи поместувањето на часовниците да се врши уште оваа година, а Европскиот парламент донесе одлука тоа да заврши во 2021 година, но за тоа согласност треба да дадат и членките на ЕУ.
Повеќе:
ЕП за укинување на промената на сметање на времето
Кога конечно ќе се укине промената на сметањето на времето?
Германското Министерство за економија соопшти дека пред да биде донесена одлуката за укинување на сметањето на времето на зимско и летно, мора да бидат анализирани последиците кои би настапиле низ целата ЕУ. За германската влада е одлучувачко избегнување на „временски острови“ во европскиот заеднички простор. Во основа, германската влада е за укинување на промената во сметањето на времето, но таа остава отворено дали тоа ќе биде спроведено и во Германија.
Летното сметање на времето почна на крајот на март, а овој викенд, ноќта меѓу сабота и недела, часовниците се поместуваат од три на два часот, на зимско време, што значи граѓаните „ќе ќарат“ еден час.