1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордна инфлација во еврозоната

СН/агенции
1 јуни 2022

Инфлацијата во еврозоната во мај го достигна највисокото ниво од воведувањето на заедничката европска валута , пред сѐ поради повисоките цени на енергенсите. Претходно неделава и Германија пријави рекордна инфлација.

https://p.dw.com/p/4C80j
Куповната мож на граѓаните во еврозоната сѐ помала
Куповната мож на граѓаните во еврозоната сѐ помалаФотографија: Patrick Pleul/dpa/picture alliance

Производите и услугите во земјите членки на еврозоната во мај чинеа просечно 8,1 отсто повеќе отколку пред една година, соопшти вчера европскиот завод за статистика Еуростат. Така, стапката на инфлација е четирипати поголема отколку што беше зацртаната цел на Европската централна банка, која тежи кон инфлација од 2 насто. Во март и во април поскапувањето во еврозоната изнесувало просечно 7,4 отсто.

Високата стапка на инфлација ја намалува куповната моќ на граѓаните, бидејќи за вредноста на еврото можат да купат многу помалку отколку порано. За споредба со мај минатата година енергенсите поскапеа за 39,2 отсто, а храната и пијалоците за 7,5 насто. Цените за необработена храна пораснаа за 9,1, а на услугите за 3,5 отсто.

За Германија, Сојузниот завод за статистика во Визбаден во понеделникот ја објави првата проценка за инфлацијата за мај, наведувајќи дека таа изнесува 7,9 отсто. Евростат растот на цените за животните трошоци во Германија ги процени на 8,7 насто. Повисоката проценка на Евростат може да се објасни со поинаквиот метод на сметање за 19 членки на ЕУ чија валута е еврото.

Страв од рекордната инфлација - Германците складираат храна

Таква стапка на инфлација не е забележана од обединувањето на Германија во 1990 година. Во покраините на западот од земјата слично било само во зимата 1973/1974 за време на нафтената криза.

Кога ќе реагираат чуварите на стабилноста на еврото?

Во меѓувреме, на видик е и првото зголемување на референтната каматна стапка во еврозоната во последните 11 години. Европската централна банка наговести дека во два чекори во јули и во септември ќе ја укине сегашната негативна каматна стапка на депозитите од минус 0,5 остсто. Тоа е во план бидејќи банката со повисока каматна стапка може да го сузбие растот на инфлацијата.

Повеќе: Економијата и војната во Украина: Пред да биде подобро, ќе биде уште поскапо

Во моментов, стручњаците поаѓаат од тоа дека Европската централна банка на својата седница на 9 јуни ќе донесе одлука најпрво за запирање на купувањето државни обврзници, а оти потоа во јули за првпат ќе ги зголеми каматните стапки.

Другите големи централни банки, како што е американската ФЕД, веќе ги зголемија каматите поради големиот раст на цените.