1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Доналд Трамп: Остри казни против оштетувачите на споменици

ЖА
27 јуни 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет за поостро казнување за оние кои ќе вршат оштетување на споменици.

https://p.dw.com/p/3eQUv
USA Black Lives Matter Proteste Andrew Jackson in Washintgon D.C.
Фотографија: Reuters/T. Brenner

Преку Твитер, синоќа американскиот претседател соопшти дека „тукушто потпишал строга регулатива за заштита на американскитеспоменици и статуи". Со тоа треба да се застане на патот на најновото „криминално насилство." „Долгогодишни казни затвор за овие незаконски дела против нашата прекрасна земја", дополни Трамп.

Претседателот преку Твитер уште соопшти дека го откажал својот излет викендов во својот голф-клуб во Њу Џерси, за во Вашингтон да може „да се увери дека се спроведува ред и закон". Белата куќа пак не даде официјално објаснување за откажувањето на планот за викендот.

Во изминатите денови во градот беа нападнати повеќе споменици. Така на пример, беше направен обид со јажиња да биде урната статуата на спорниот претседател Андрју Џексон пред Белата куќа, но неуспешно. Џексон, кој беше претседател од 1929 до 1937 година, бил трговец со робови и извршил преселби на Индијанците во големи размери за да обезбеди простор за белите доселеници.

Повеќе:

Смртна казна му се заканува на полицаецот кој го уби Рејшард Брукс

„The Talk“ - подготовка на децата за соочување со расизмот

Зошто полицијата во САД е толку моќна?

Социјална нееднаквост во САД: Афроамериканците и натаму посиромашни, поболни, понеобразовани

Низ целата земја во претходните неколку недели во рамките на антирасистичките протести беа напаѓани и оштетувани споменици на историски фигури кои се доведуваат во врска со ропството и расистичката дискриминација.

Повод за масовните демонстрации против расизмот и полициското насилство беше убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд при брутална полициска акција при негово апсење на крајот на мај во Минеаполис, а подоцна тие дополнително се разгореа по пукањето на полицијата врз Рејшард Брукс, исто така со црна боја на кожата.