1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Смртна казна му се заканува на полицаецот во Атланта

СН/агенции
18 јуни 2020

Последниот случај на смртоносно полициско насилство врз црнец во САД се заострува. Против полицаецот во американскиот град Атланта е покренато обвинение за убиство.

https://p.dw.com/p/3dxcx
USA Atlanta | Mordanklage gegen den Polizisten Garrett Rolfe
Окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор ги презентира точките на обвинието против полицаецот кој го уби Рејшард БруксФотографија: picture-allaince/AP Photo/Atlanta Journal-Constitution/Hyosub Shin

Полицаецот од Атланта кој минатата недела пукаше во Афроамериканецот Рејшард Брукс, на паркингот пред еден ресторан за брза храна, е обвинет за кривично дело убиство, соопшти окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор.

Смртта на 27-годишниот Брукс, последната жртва на долгиот список Афроамериканци кои ги убиле полицајци, дополнително ги заостри расните тензии во САД во момент кога ширум земјата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на крајот на мај во градот Минеаполис.

USA Atlanta | Mordanklage gegen den Polizisten Garrett Rolfe
Вдовицата на убиениот Афроамериканец, Томика Брукс ја следи пресконференцијата на окрижниот јавен обвинител Пол Хауард Џуниор.Фотографија: Getty Images/AFP/J. Raedle

Полицаецот Гарет Ролф, кој го уби Брукс на 12 јуни и наредниот ден доби отказ бидејќи инцидентот го снимија безбедносни камери, е обвинет за убиство сторено во рамки на кривично дело и за напад со смртоносно оружје, изјави обвинителот на округот Фалтон, Паул Хауард, на конференцијата за новинари во Атланта.

Повеќе:

-САД и расизмот: Помалку пари за полицијата?

-Трамп е за употреба на задушувачки зафат во исклучителни случаи

-Зошто полицијата во САД е толку моќна?

Гарет Ролф се соочува со вкупно 11 обвинувања, а ако биде прогласен за виновен, би можел да биде осуден на смртна или доживотна затворска казна. Афроамериканецот Рејшард Брукс заспал во автомобилот во близината на еден ресторан за брза храна во Атланта, што им оневозможило на други возила да помнат, поради што е повикана полиција.

Како што се гледа на снимките кои се проширија на социјалните мрежи, Брукс мирно разговара со полицајците, а кога сакааат да му стават лисици бидејќи утврдиле оти е во алкохолизирана состојба започнал да бега.

На еден од полицајците му го одземал електрошокерот, а еден од останатите полицајци, инаку белец, испукал 3 куршуми и го убил, што потврди и аутопсијата.

Девин Броснан, друг бел полицаец кој бил присутен, ќе соработува со обвинителот, изјави Паул Хауард. Аутопсијата покажа дека Брукс е погоден двапати во грбот и оти починал поради крварење и повреда на внатрешните органи.