1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатски разговори во Њујорк - САД бараат решение

Горан Момировски26 септември 2008

САД испратија порака до Македонија и Грција, двете земји да ги продолжат преговорите за името и да најдат решение за проблемот. Од Македонија е побарано да стори се’, за да се отвори нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

https://p.dw.com/p/FPHI
На маргините на Генерланото собрние на ОН, се бара решение на грчко - македонскиот спорФотографија: AP

И покрај тоа што Грција ја прекрши времената спогодба, Македонија не се откажа од преговорите со јужниот сосед, - рече во својот говор пред Генералното собрание на ОН, македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Откако му се заблагодари на Срѓан Керим за достојно претставување на државата за време на неговиот мандат во ОН, Црвенковски пред стотици шефови на држави и влади порача, дека Македонија сака фер компромис, но дека нема да дозволи да биде понижена во спорот со името. „Се разбира дека ние не сме подготвени да дадеме согласност за какво било решение, за едно толку важно национално прашање. Ако резонот за нашето интегрирање во меѓународните институции, е со тоа да придонесеме за стабилизирање на државата, тоа значи дека не смееме да дозволиме, со лош компормис за бидеме внатрешно дестабилизрани и понижени.“

Maz.Präsident - UN - Rede
Претседателот Црвенковски во говор пред ОНФотографија: Macedonian Information Agency

САД и натаму ќе го поддржуваат процесот на изнаоѓање решение

Шефот на државата вчера се сретна и со помошникот државен секретар на САД, Даниел Фрид којшто му ја пренесе пораката од американскиот претседател Џорџ Буш, Македонија да направи се’ за да се постигне решение, што ќе и ги отвори вратите на НАТО и ЕУ. САД ќе останат инволвирани во прашањето за името, за да го олеснат процесот на преговори. Соединетите држави очекуваат, двете страни да имаат сериозен пристап кон последниот предлог на посредникот во спорот Метју Нимиц, му порачал Фрид на македонскиот претседател.

Слична порака со барање за брзо решавање на спорот, до грчката страна испрати државниот секретар Кондолиза Рајс, која на средба со министерката Дора Бакојани ја охрабрувала Грција да биде конструктивна.

На почетокот на октомври најверојатно нов предлог на Нимиц


Mathew Nimitz, UN Mediator in dem Namentstreit zwischen Mazedonien und Griechenland
Медијаторот на ОН, Метју НимицФотографија: Petr Stojanovski

Информациите, што деновиве беа дистрибуирани од неофицијални извори пак велат, дека настрана од официјалните извори по повеќето средби, што се оддржаа во Њујорк, е договорено, Грција и Македонија наскоро јавно да проговорат за неприфатливоста на предлогот на Нимиц, и истовремено да се согласат, нацијата и јазикот да бидат решени согласно правилата на ОН. Тоа би значело дека ќе се отстрани една од главните пречки во преговорите, прашањето за македонскиот идентитет. Дали тоа ќе се случи сепак зависи од средбата, што медијаторот треба да ја закаже на почетокот на октомври, кога преговарачите на двете земји ќе му ги пренесат официјалните ставови за последните предлози, по што се очекува тој да даде нов предлог.

Дополнителни проблеми, што засега се нерешливи се грчкото барање за промена на македонскиот Устав и опсегот на употребата на името, односно дали Грција ќе се повлече од барањето, земјите коишто веќе ја признаа Македонија под уставното име, да го прифатат евентуалното ново решение. Во целиот пакет, за кој засега нема потврда е македонското барање за гаранција, дека Грција нема повторно да ја блокира Македонија во НАТО и ЕУ.