1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ди пресе“: Сорос-фондацијата ја напушта Унгарија

ЕМФ / дв
20 април 2018

За унгарскиот премиер Виктор Орбан, Џорџ Сорос е „државен непријател број еден“. Сега американскиот милијардер со унгарски корени донесол одлука за преселба на својата фондација, тврди „Ди пресе“.

https://p.dw.com/p/2wNGF
George Soros
Фотографија: picture alliance/AP Photo/B.Szandelszky

„Отворено општество“ на Џорџ Сорос, според медиумски извештаи, ја затвора својата канцеларија во Будимпешта и наместо тоа ќе отвори филијала во Берлин. Преселбата е планирана за налето, пишува австрискиот весник „Ди пресе“ на својата интернет страница. Според информации на унгарскиот портал „444.ху“, затворањето на канцеларијата во Будимпешта е планирано до 31 август годинава.

Ungarn "Stop Soros"-Plakatt in Budapest
„Соп Сорос“-плакат во БудимпештаФотографија: Reuters/B. Szabo

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвинува Сорос дека организирал масовно доселување на муслимански доселеници од Африка и Блискиот Исток во Европа. Институциите кои се финансирани од американскиот милијардер, меѓу нив и реномираниот Централноевропски Универзитет во Будимпешта, според тврдењата на Оран, биле само средство за постигнување на таа цел. Докази за таквото трвдење Орбан не дава.

Мирис на антисемитизам

Унгарскиот премиер Орбан во текот на минатото лето нареди поставување плакати шриум земјата со предупредувања од 87-годишниот Сорос. Унгарската влада сака да буде усвоен и законски пакет под името „Стоп – Сорос", насочен против работата на невладините организации во земјата. Потегот во меѓународни рамки беше критикуван пред сѐ поради тоа што има мирис на антисемитизам, затоа што Орбан го претставува Сорос, кој има еврејски корени, како „светска елита“ и шпекулант „без татковина“.

Повеќе:

Листа „платеници на Сорос“: Почнува одмаздата на Орбан

Виктор Орбан и пропаста на Европа

Џорџ Сорос е роден во Будимпешта, а своето богатство го има стекнато со бизниси на берзата. Тој со децении им дава поддршка на иницијативи и организации кои се залагаат за демократија и човекови права.