1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на заштита на животната средина: Криза со пластиката

ЕМФ /агенции
5 јуни 2018

Светот е соочен со криза предизвикана од огромните количества пластичен отпад. Пластичниот отпад е тема на годинешниот Ден за заштита на животната средина.

https://p.dw.com/p/2yy0T
Plastik Plastikmüll und Müllvermeidung
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/S. Edison

Во извештај на Обединетите нации објавен на денешниот Ден за заштита на животната средина се констатира дека во светот се рециклираат само девет проценти од вкупниот пластичен отпад којшто се продуцира, а тоа се околу девет милијарди тони.

Светската организација изразува загриженост пред сѐ поради пластиката за еднократна употреба, како што се пластичните кеси. Секоја година во светот во оптек се околу 5 илјади милијарди вакви кеси.

Symbolbild Plastiktüten Verbot Umweltschutz
Фотографија: Getty Images

Пластиката ги полни депониите, а големи количества пластичен отпад завршува и во океаните, изјави шефот на организацијата на ОН за екологија - УНЕП, Ерик Золхајм. Тој побара „револуција“ во оваа сфера. „Мора наново да го дефинираме својот однос кон пластиката“, бара Золхајм. Според него, не е пластиката проблем сам по себе, туку „она што ние со нејзе го правиме“.

Повеќе: 

Европската Комисија планира забрана за пластичниот отпад

Каде со целиот отпад?

ОН во извештајот предлага низа мерки за намалување на количествата на пластичен отпад. Според предлозите, најефикасни се целните забрани и дополнителните давачки за употреба на пластика. Меѓутоа, она што е особено важно е мерките да бидат добро испланирани и применети, а токму во тој дел досега нема добри резултати, оценуваат ОН.

ПЕТасе брзо „вари“ пластика