Двојно зголемена побарувачка за информатичари
21 мај 2018Недостатокот на работна сила квалификувана во областа на природните науки, математиката, информатиката и технологијата (МИНТ), е најдраматичен досега- гласи заклучокот на Пролетниот извештај за 2018 година во кој Институтот за германска економија во Келн, во соработка со Здружението на германска индустрија, Сојузот на германски работодавачи и Здружението на работодавачи во металската и електроиндустријата, детално го анализира недостатокот на работна сила.
До крајот на април 2018 година во Германија беа отворени 486.000 места за т.н. МИНТ-професии, се наведува во извештајот. Тоа е зголемување од 13,1 отсто во однос на април 2017 година. Особено е голем недостатотокот на работна сила во областа информатика- побарувачката повеќе од двојно се зголеми за време на изминатите 4 години.
Повеќе:
-Бајката за недостиг од стручни кадри
-Германија: Се бара закон за доселување поради хроничниот недостиг на работна сила
-Голем недостиг на работна сила во Германија
Причини за недостаток на стручњаци има многу: од една страна, многу стари работници одат во пензија, а нови, помлади, нема доволно. Од друга страна, побарувачката за тој вид стручњаци многу се зголеми, бидејќи сѐ повеќе фирми се отвораат кон дигитализацијата и кон електро-мобилноста.
Имиграцијата е важна, особено од Индија
„Информатиката е релевантна во сите индустрии“, вели Аксел Плинеке, еден од авторите на извештајот. И покрај сѐ поголемиот број на студенти на МИНТ-факултетите, тие не можат да ја надоместат побарувачката за квалификувани работници во овие области. Меѓутоа, јазот би бил и уште поголем без миграција на квалификувани работници од странство. Особено нагло порасна бројот на Индијци кои студираат на овие факултети во Германија и подоцна евентуално можат да се вработат како инижинери или информатичари.
„Правилата за имиграција за високо образованите МИНТ-стручњаци од трети земји и натаму се релативно добри. Потешко е во секторот за квалификувани работници, бидејќи тука имиграцискиот закон поставува поголеми пречки“, објаснува Плинеке. Тоа е една од причините поради кои недостатокот на кавалификувани работници- како што се мехатроничари, техничари и градежни работници- е многу поизразен отколку кај дипломците од МИНТ-факултетите.
Фактот дека побарувачката за МИНТ-специјалисти е голема сеогледува и во намалувањето на бројот на невработени во тој сектор. Во однос на минатата година бројот, на невработени падна за 12,2 насто и изнесува 174.955 лица. Исто така, е утврдено и оти повеќе академски граѓани работат полно работно време. Според студијата, и платите за овие професии пораснаа. Сепак, јазот меѓу понудата и побарувачката за тој вид работна сила и натаму расте, и покрај иницијативите како што се „Дојди на МИНТ“, чија цел беше да ги инспирира жените и девојките да се одлучат на факултети или на виши школи да студираат природни науки, математика, информатика или технологија.