Данска: Многу контроверзи по забраната на бурката
2 август 2018Повеќе од илјада дански граѓани маршираа во средата низ Копенхаген протестирајќи против новиот закон со кој се забранува целосно покривање на лицето во јавност, обвинувајќи ја владата дека ги нарушува правата на жените да се облекуваат како сакаат. Повеќе земји-членки на ЕУ веќе се одлучија на таков чекор, меѓу нив и Франција и Бугарија. Во Германија сѐ уште се води дебата на таа тема, иако генерална забрана не постои.
„Сакаме да ѝ испратиме сигнал на владата дека нема да се потчиниме на дискриминацијата и законот кој е директно насочен кон верско малцинство“, изјави Сабина, 21-годишна студентка која носи никаб.
Таа е една од околу 200 муслиманки во Данска - околу 0,1 отсто од нивниот вкупен број во земјата - кои секојдневно носат никаб или бурка. Муслиманите сочинуваат околу 5 проценти од населението во 5,7 милионска Данска.
И една друга муслиманка по име Сара се бори против забраната на данските власти.
Повеќе погледнете во видеото: