1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Гувернерот на Њујорк, Куомо поднесе оставка

СН/агенции
11 август 2021

Тој долго се спротиставуваше на ваквиот чекор. Но, во последниве денови и блиски соработници се дистанцираа од Ендру Куомо, поради сведоштвата на повеќе жени дека гувернерот на Њујорк сексуално ги вознемирувал.

https://p.dw.com/p/3ypba
Andrew Cuomo - Gouverneur von New York
Фотографија: Mary Altaffer/REUTERS

Гувернерот на  американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, поднесе оставка поради низата обвинувања за сексуално вознемирување и засилен правен притисок.

Куомо минатата година уживаше голема популарност на национално ниво поради деталните брифинзи и лидерство кое го покажа во најтешките денови за време на пандемијата.

Оставката на Куомо, кој трипати беше избран за гувернер, ќе стапи на сила за две недели. Тој со поднесување на оставката избегна можност да биде сменет, бидејќи истрагата која се води против него започна да се интензивира.

Обвинителот на Њујорк ги објави резултатите од истрагата кои покажаа дека Куомо сексуално вознемирувал најмалку 11 жени. Истрагата утврди оти тој ги бакнувал и ги допирал жените против нивна волја, им упатувал ласцивни коментари на сметка на изгледот, изнесувал инсинуации за нивниот сексуален живот и создал работно опкружување „полно со страв и заплашување“.

Повеќе: Бајден го советува Куомо да си поднесе оставка

Гувернерот негира дека сторил што било погрешно. Низата обвинувања кои доведоа до оставка, започнаа со извештаите на новинарите во минатиот декември и продолжија со месеци.

Andrew Cuomo
Фотографија: STRMX/zz/NDZ/STAR MAX/IPx/picture alliance

Куомо за одделни наводи рече оти се целосно измислени и негираше дека некого го допирал несоодветно, но призна оти на некои негови помошници им било непријатно поради коментарите за кои вели дека само сакал да ги расположи и се извини поради своето однесување.

За некои средби рече оти станува збор за недоразбирање кое може да се препише на „генерациските или културните“ разлики, повикувајќи се на своето растење во нежно италијанско-американско семејство.

Заменичката на Куомо, Кејт Хочул 62-годишна демократка и поранешна членка на Конгресот од Бафало, ќе стане 57 гувернер на државата и прва жена на оваа функција.