1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден го советува Куомо да си поднесе оставка

ЖА / агенции
4 август 2021

Џо Бајден го советува својот сопартиец Ендрју Куомо да се повлече од функцијата. Можно е наскоро поведување постапка за отповикување на гувернерот на Њујорк поради обвинувањата за сексуално вознемирување од повеќе жени.

https://p.dw.com/p/3yVmp
USA Präsident Joe Biden mit Gov. Andrew Cuomo
Фотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

 „Мислам дека треба да се повлече“, изјави Џо Бајден синоќа во Вашингтон, откако официјалната истрага дојде до заклучок дека Куомо сексуално вознемирувал или малтретирал неколку жени, иако гувернерот тоа го демантира.

Двајца независни правници ги испитуваа обвинувањата на единаесет жени, по што нивните искази ги оценија за веродостојни, изјави главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс. Куомо ги „допирал жените несоодветно и против нивна волја и правел бројни забелешки со непристојна сексуална конотација“, истакна обвинителката, со што ги прекршил законите на САД и на сојузната американска адржава Њујорк.

Гувернерот енергично ги отфрли обвинувањата. „Никогаш не сум допирал несоодветно некого, ниту сум флертувал недозволено", изјави тој пред телевизиските камери. Според Куомо, неговите обвинувачи погрешно ги протолкувале неговите зборови, гестови и однесување, тој инсистираше на тоа дека неговото однесување секогаш имало за цел да пренесе топлина.

-повеќе: 

#MeToo: Случајот „Харви Вајнстин" - хроника на еден скандал

Обвинувања за сексуално вознемирување против судијата Кавано

#СегаКажувам - крик против сексуалното вознемирување

Гувернерот одбива да поднесе оставка, но во меѓувреме е најавено покренување постапка за отстранување на Ендрју Куомо од гувернерската позиција.

Наодите на државното обвинителство доведоа до бројни барања и од истакнати демократи за негова оставка.

Американските сенатори Чак Шамер и Кирстен Гилибранд по објавувањето на извештајот изјавија дека наодите од истрагата ги зајакнуваат нивните повици за оставка на Куомо, упатени првпат во март оваа година.

„Ниту еден избран функционер не е над законот. Жителите на Њујорк заслужуваат подобро во кабинетот на гувернерот. Се уште веруваме дека гувернерот треба да поднесе оставка”, велат Шамер и Гилибранд во заедничко соопштение.

На крајот на февруари обвинение против Куомо подигнаа првично осум жени, по што генералната обвинителка Џејмс во март донесе одлука за почнување истрага против гувернерот на Њујорк, кој на функцијата е веќе десет години.