Германија- оригиналната лабораторија за најпознатите дроги
17 октомври 2017Многу работи кои се произведуваат во денешните лаборатории за дрога произлегуваат од инвентивноста на германските научници Војската во нацистичка Германија- Вермахт ги стимулирала своите војници со Первитин- дрога која третирала замор, глад, жед и страв.
Денес, Первитин се продава нелегално ширум светот како кристален мет. Во 1892 година, хемиската компанија Мерк започна да произведува кокаин како локален анестетик за очните доктори.
Феликс Хофман е најпознат како пронаоѓач на Аспиринот. Но, еден друг негов пронајдок остана легален само во Германија до 1971 година кога дијацетилморфинот - односно хероинот - беше забранет. Дотогаш компанијата Бајер го продаваше како лек против болка и кашлица.
Дури и опиоидот оксикодон е развиен во Германија, во 1916 година. Се смета дека Принц, популарниот американски пејач, починал од преголема доза токму од оваа дрога