Германија - домаќин на Европското фудбалско првенство 2024
27 септември 2018Мнозинството од членовите во Извршниот комитет на УЕФА, 17, гласаа во прилог на Германија како домаќин на Еуро 2024, соопшти Александер Чеферин, претседател на Европската фудбалска унија денеска во Нион, Швајцарија.
Со тоа Германија вторпат ќе ги вгости натпреварите на Европското првенство, по 1988 година. Кандидатурата на Турција беше неуспешна веќе четврти пат, по 2008, 2012 и 2016 година.
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз Рајнхард Гриндел непосредно по објавувањето на резултатот од гласањето изјави: „Убаво е што доживуваме ваков убав ден, како за професионалците, така и за аматерите во Германија. Искрена благодарност за довербата, јас чусвтвувам голема одговорност и ќе направиме сѐ за да ја оправдаме.“
Натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Диселдорф, Штудгарт, Келн, Хамбург, Лајпциг, Дортмунд, Гелзенкирхен и Франкфурт. Финалето ќе се одржи во Минхен или Берлин.