1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вчера дел од проблемот- денес дел од решението

27 јуни 2018

Македонија и Албанија добија јасна потврда за почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Во јуни 2019 година треба да започнат конкретните преговори. Ова е исправен чекор на Унијата, смета Аделхајд Фајлке.

https://p.dw.com/p/30MxN
Belgien EU Fahnen auf Halbmast
Фотографија: Reuters/F. Lenoir

Дури и ако зад ова да! има уште многу „но“, посветеноста на ЕУ кон двете земји од Западен Балкан е силен сигнал за регионот и во ЕУ: Албанија и Македонија се важни за нас, тие се наши природни партнери и сојузници и припаѓаат кон нашето европско семејство.

Некои може зачудено да ги тријат очите:  зарем пред само пред три години илјадници Албанци не дојдоа во Германија како дел од бегалската криза? Мигрантите поради сиромаштија и бесперспективност си ја побараа среќата тука. За тоа денес повеќе не се зборува - напротив: Албанија и Македонија се важни партнери во справувањето со миграциските и бегалските текови.

Напредоци и хендикепи

Што се случи? Албанија и Македонија постигнаа објективен напредок во однос на демократизацијата и развојот, вклучително и во однос на владеењето на правото. Но сѐ уште има многу проблеми. Особено од последната промена на власта, Македонија се разви многу позитивно и стана модел за пример меѓу земјите од Западен Балкан, особено по решението на спорот за името со Грција. И покрај напредокот, двете земји имаат и големи дефицити. Особено загрижува недостатокот на независност на судството, вмреженоста на политиката и мафијата. Затоа, натамошниот процес на приближување кон ЕУ и конкретните пристапни преговори треба да бидат контролирани и  придружувани со посебно внимание.

Повеќе:

-Решените спорови донесоа датум, незавршените реформи - услови!

-ЕУ сака да започне преговори со Македонија

Албанија и Македонија се дел од шесте држави од Западен Балкан. Овие земји  распослани меѓу членките на ЕУ -Грција, Бугарија и Хрватска- се место кое е оптоварено од разнообразни историски и тековни проблеми. Нерешените државни статуси со политички и етнички компоненти  и до денес носат потенцијал за насилни судири. Сега, пријателската прегратка од страна на ЕУ треба постепено да ги води земјите до економски подем и да помогне во намалување на регионалните тензии. По Србија и Црна Гора, Албанија и Македонија наскоро ќе бидат еден чекор поблиску до ЕУ. Поранешните протекторати Косово и Босна и Херцеговина, од друга страна, остануваат заложници на нивниот нерасчистен државен статус и веројатно уште долго пред вратата на Унијата!

Интегрирање пред Русија и Кина да го сторат тоа

Ситуацијата на Западен Балкан е замрсена. А сепак, сите земји и нивното население се ориентирани кон ЕУ. Меѓутоа, постои и - легитимниот - страв дека земјите од Западен Балкан ќе се заморат од Европа,  и можеби ќе се се ориентираат повеќе кон Кина, Русија и Турција. Токму затоа сигналот на ЕУ: припаѓате кон Европа и ние се ангажираме за вас- не е за потценување.

Feilcke Adelheid Kommentarbild App
Аделхајд Фајлке, авторка на коментарот

Но, сето тоа е второстепено во однос на другиот интерес кој ги поврзува ЕУ и двете земји: Прашањето за европската безбедност и контролата на границите и бегалските текови. Бидејќи сите други аспекти се познати веќе одамна, а сепак не го забрзаа процесот на интеграција. Но, сега двете земји одеднаш  влегоа во фокусот на вниманието во контекст на дискусијата за забарикадирувањето на Европа против мигрантите и обезбедувањето на границите: Зашто тие нудат нешто што може да ја спаси ЕУ од тешката ситуација за која самата е виновна: Само пред портите на ЕУ, а сепак надвор од Шенген и Даблин- просторите, може да се применат некои идеи за меѓуконтроли и привремени прифатни центри за мигрантите.

Само корисно, но не и добредојдено?

Цинично и парадоксално во исто време е тоа што Албанија и Македонија се особено привлечни затоа што тие не се во ЕУ, но имаат стотици километри заеднички граници со земји членки на Унијата. Од тоа  може да произлезе вин-вин ситуација: ЕУ може да се извлече од дилемата околу нејзините самонаметнати ограничувања во однос на прифаќањето и распределувањето на бегалците,  доколку активно ги интегрира двете земји во безбедносните концепти за затворање и контрола на границите и бегалските текови. Иако албанскиот премиер Еди Рама категорично отфрли формирање на бегалските кампови на ЕУ во сопствената земја, во однос на безбедноста и миграцијата постојат многу акутни прашања, кои ЕУ и Албанија можат заеднички полесно да ги решат. Македонија и Албанија се дел од европската судбинска заедница. Ова сознание сега стигна и до главните градови на членките на ЕУ. Приемот на Македонија во НАТО наскоро ќе биде следниот логичен чекор. Европа ги затвора своите отворени крила во услови на континуиран притисок од бегалците. Некогашните проблематични земји Македонија и Албанија ќе бидат дел од решението.