1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Стоп за обврската за вакцинација во поголемите фирми во САД

Мартин Кох
14 јануари 2022

Американскиот претседател Џо Бајден инсистира на тоа вработените во поголемите компании да се вакцинираат или редовно да се тестираат. Тоа е сега стопирано од страна на Врховниот суд.

https://p.dw.com/p/45WkW
Corona Impfzentren in den USA
Центар за вакцинација во МерилендФотографија: Win McNamee/Getty Images

Обврската за вакцинација и тестирање требаше да важи за околу 80 милиони вработени во САД. Владата на американскиот претседател Џо Бајден сака на тоада ги обврзе поголемите компании. Но, сега Врховниот суд ги помати таквите планови. Во образложението на судот се вели дека правилото донесено по административен пат, а не од страна на парламентот, најверојатно ги надминува компетенциите на надлежната институција ОСХА.

Тоа значи дека фирмите кои имаат повеќе од 100 вработени засега не мора да внимаваат на тоа дали нивните вработени се целосно вакцинирани или редовно тестирани. Со тоа е привремено запрена и обврската за носење маски.

Правилото за компаниите се смета за најсилно средство за притисок на владата за вакцинирање. Во САД досега целосно се вакцинирани речиси 63% од населението, или околу 208 милиони луѓе. Од нив само 37% имаат добиено ибустер доза.

Обврската за вакцинирање во поголемите фирми требаше да почне да важи од оваа недела. Против неа тужба поднесоа повеќе сојузни држави, каде на власт се републиканците, како и бизнисмени. Сега работата се враќа назад, на конечна проверка од страна на пониска инстанца.

Washington Gebäude Supreme Court
Врховниот суд одлучил водејќи се од правната заснованост на наредбата на ОСХА, односно дали таа имала надлежност да нареди задолжителна вакцинација и тестирање или неФотографија: J. Scott Applewhit/AP Photo/picture alliance

Во Врховниот суд, кој брои 9 членови, мнозинството се конзервативци. Тројца полиберални судии во одвоено мислење напишаа дека надлежната институција (ОСХА) е во право со својата наредба за задолжителна вакцинација и тестирање, поради големата опасност која произлегува од пандемијата. Конзервативните судии во своето образложение, пак, не се занимаваат со оправданоста на одлуката за задолжителна вакцинација, туку со прашањето на поделба на власта - дали наредбата била правно зансована и дали е тоа во надлежност на ОСХА? „Овој суд не е здравствена институција“, наведуваат судиите.

- повеќе: Ковид-вакцината ќе биде задолжителна за армијата на САД

Пандемијата, според судиите, трае две години, но Конгресот не гласал за тоа на ОСХА или на друга сојузна институција да ѝ биде дадено овластување за да може да наметне обврска за вакцинирање. „Прашањето кое е пред нас не е како да се одговори на пандемијата, туку кој е овластен да го прави тоа“, пишуваат тие и додаваат: „Одговорот е јасен: Според актуелните закони, такво овластување имаат сојузните држави и Конгресот, а не ОСХА.“

Останува обврската за вакцинација на медицинскиот персонал

Во врска со обврската за вакцинација за медицинскиот персонал во болниците и во домовите за нега, кои се финансирани од федерални средства, Врховниот суд одлучи во полза на владата. Со оглед на законската ситуација, владата е овластена да се грижи за здравјето и сигурноста на пациентите од програмата Медикер и Медикејд, се вели во одлуката на судот. Тоа значи обврска за вакцинирање против коронавирус за најголемиот број здравствени установи во земјата.