1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон отрфла референдум во Украина

ЖА / агенции
21 јули 2018

Вашингтон, исто како и владата во Минск, го одбија предлогот на рускиот претседател Путин за одржување референдум во сеператистичките источноукраински региони Доњецк и Луганск околу нивната иднина.

https://p.dw.com/p/31rAL
Helsinki Trump-Putin Gipfel
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

За време на разговорите во Хелсинки, Путин и Трамп разговарале за можни решенија за конфликтот во Украина.

Рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов, вчера во Москва изјави дека конфликтот во Источна Украина бил дискутиран меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот, Владимир Путин за време на средбата во Хелсинки. „Беа направени конкретни предлози за решавање на овој проблем“, рече Антонов, но не ја коментираше информацијата за евентуален референдум.

Повикувајќи се на присутни лица на средба на Путин со руски дипломати, новинската агенција Блумберг објави дека Трамп го замолил Путин да се воздржи од јавно објавување на предлогот за референдум, со цел да му даде време да го испита. Рускиот амбасадор пак потенцираше дека на самитот на двајцата претседатели не биле водени „никакви тајни разговори“. Руската страна направила „повеќе сериозни предлози“, од кои дел Путин изнесол на заедничката пресконференција. Се разговарало за Сирија, но и за Украина, а на експерти им е даден налог да се зафатат со разработка на темите, вели амбасадорот.

Повеќе: 

Трамп го покани Путин во Вашингтон

Трамп се обидува да ја ограничи штетата

Трамп-Путин: самит за страв

Американското министерство за надворешни работи во меѓувреме соопшти дека Вашингтон воопшто не поддржува референдум околу иднината на регионот зафатен од граѓанска војна и и натаму ќе стои зад Минскиот мировен договор од февруари 2015. година.

„Референдум не бил имал никаков легитимитет“, соопшти преку Твитер портпаролката на Министерството, Хетер Нојерт.

Минскиот договор требаше да донесе крај на конфликтот во Источна Украина, но постојано се врши негово прекршување.

И украинската влада отфрли евентуален референдум. „Решително ја отфрламе чудната идеја за одржување референдум во окупираните области“, изјави Олексиј Макејев, шеф на Политичкиот оодел во украинското Министерство за надворешни работи преку Твитер.

САД пак во меѓувреме најавија натамошна финансиска поддршка во модернизирањето на украинската војска. Пентагон планира префрлање на околу 200 милиони долари во Киев од фонд за безбедносна соработка. Парите нема да бидат употребувани за убиствено оружје, туку за тренинг-програми, развој на командните структури и комуникацијата во украинската војска.

Во Источна Украина од пред четири години владее крвав конфликт меѓу украинските владини трупи и проруските сепаратисти, во кој досега се убиени преку 10.000 луѓе. Украинската влада, ЕУ и САД ја обвинуваат Русија за воена поддршка на сепаратистите, што Москва го демантира.