1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Како до поедноставен сајт за вакцинација?

ДТЗ | Си-Ен-Ен
12 февруари 2021

Откако нејзината свекрва имала тешкотии да се пријави за вакцина против Ковид-19, софтвер-дизајнерка од САД креираше интернет-страница за да и' олесни - и со тоа им олесни на сите.

https://p.dw.com/p/3pFAg
USA New York | Krankenschwester Sandra Lindsay bekommt Covid-19 Impfung
Фотографија: Mark Lenninhan/AFP/Getty Images

Софтвер дизајнерка создаде поедноставна веб-страница за регистрација на вакцини во нејзината држава додека беше на породилно отсуство. Откако нејзината свекрва имаше тешкотии да се регистрира за вакцина против Ковид-19, 28-годишната жена од Масачусетс, САД создаде веб-страница за само неколку недели која многу го олеснува процесот.

Инспирација

Оливија Адамс изгради веб-страница којашто собира податоци за сите термини за закажување за вакцинација низ целата држава, вклучително и на државните страници, како и оние што ги управуваат приватни компании. Таа ја нарече страницата macovidvaccines.com. 28-годишната софтвер дизајнерка од Арлингтон, Масачусетс, вели дека потрошила три недели и околу 40 часа во создавањето на веб-страницата - и тоа го сторила додека била на породилно отсуство и се грижела за нејзиниот син кој има само 2 месеци, објави Си-Eн-Eн. 

-повеќе на темата: Вакцините сѐ уште ги нема, но има „случај Ваксајнс“

„Мислев само да погледнам, ама се изненадив колку е децентрализирано сè и како има илјада различни веб-страници“, вели Адамс. „Помислив како можам да ги користам своите софтверски вештини за да го направам ова подобро во слободното време? А, слободното време обично се случуваше кога новородениот син спиеше“, рече Адамс. Таа вели дека нејзиниот двегодишен син е во градинка, па затоа има среќа што не мора да се грижи за двете деца во текот на денот. 

Инспирацијата дошла откако ја слушнала нејзината свекрва, која имала проблем да закаже термин за вакцинација. Нејзината свекрва е стоматолог и се квалификувала во првата фаза на вакцинирање. „Таа имаше проблеми, не можеше да сфати каде да оди и како да се пријави“, рече Адамс. 

USA Arnold Schwarzenegger Corona-Impfung
Во некои држави во САД во функција е и т.н. драјв-ин вакцинација. На фотографијата: Арнолд Шварценегер се вакцинира во КалифорнијаФотографија: Arnold Schwarzeneeger/ REUTERS

Проблеми со регистрација

Нејзиното семејство не е единствено кое мака мачи при регистрацијата за вакцините. Луѓето низ целата земја, од постари граѓани до други во раните фази на вакцинирање, се соочија со чекање на телефон со часови или бескрајни проверки на интернет, но не можеа да најдат слободни термини.  

Адамс го разгледа онлајн порталот за вакцини во Масачусетс и сфати дека може да го направи подобар за секого. Таа вели дека е навикната да прави комплициран софтвер поврзан со здравствени потреби во нејзината работа како водечки член на техничкиот персонал во Атенахелт, компанија за здравствена технологија.
Но, таа никогаш не создала веб-страница слична на оваа. „Ова беше првпат сама да направам комплицирана веб-страница“, рече таа.

-повеќе на темата: Вакцинација во С. Македонија: „Чекајќи го кодот“

Термините за вакцини се достапни на голем број страници, од оние што ги води државата до оние што се администрираат во продавници за храна и аптеки. Адамс има скрипта којашто пребарува на секои пет минути низ околу 20 различни места за вакцинирање.

Адамс рече дека никогаш не очекувала дека нејзината веб-страница ќе добие популарност како оваа. Таа испратила линк од страницата до пријателите и семејството и таа набргу се проширила на сите страни. За оние кои се прашуваат дали Адамс може да го искористи својот магичен код за да им помогне на други земји, кои се соочуваат со сличен проблем, таа вели дека сега сфаќа колкава е потребата од нешто такво.

-повеќе на темата: Вакцинација во Бутан: Се чека денот кој носи среќа 

 „Во петокот ќе ти кажев, апсолутно не. Нема шанси да имам време да го сторам тоа, но сега поддршката беше огромна и очигледно постои таква потреба. Веќе имам е-пошта од луѓе од други држави кои ме прашуваат дали ова може да се направи таму каде што се. Јас би сакала да го истражам тоа и ќе видиме како ќе се одвива“, вели Адамс.