1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британскиот принц Филип почина на 99-годишна возраст

СН/агенции
9 април 2021

Со децении, принцот Филип беше најважниот советник на неговата сопруга кралицата Елизабета Втора. Неговата смрт остава огромна празнина во британската монархија.

https://p.dw.com/p/3rm4K
Prinz Philip Herzog von Edinburgh Ehemann Königin Elizabeth II
Фотографија: Danny Lawson/empics/picture alliance

Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, почина на 99-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави денеска Бакингемската палата.

„Со длабока тага, кралицата ја објави смртта на својот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург“, се вели во соопштението на палатата.

Како што се додава, принцот Филип починал мирно утрината во замокот Виндзор. 

Prinz Philip Herzog Duke of Edinburgh | Königin Elizabeth II.
Фотографија: Steve Wood/Express Syndication/dpa/picture-alliance

Тој инаку беше пуштен од болничко лекување на 16 март годинава, по едно месечен третман, откако на почетокот на март беше подложен на успешна операција поради проблеми со срцето. 

Повеќе:

-Елизабета Втора урива рекорди

-Куриозните имиња на кралицата Елизабета Втора

-Среќен роденден, Ваше Височество!

Принцот Филип се ожени со Елизабета во 1947 година, пет години пред таа да стане британска кралица, и беше кралски сопруг со најдолг стаж во историјата на Велика Британија.

Тој се „пензионираше“ од официјалните обврски во август 2017 година, откако учествуваше во повеќе од 22.000 јавни настапи од крунисувањето на Елизабета Втора во 1952 година.

Принцот Филип беше член на грчкото кралско семејство и беше роден на грчкиот остров Крф во 1921 година. Тој беше голем спортист. Тој имаше четири деца, осум внуци и десет правнуци.