1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принцот Филип оди во пензија

ЖА
4 мај 2017

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, со нејзина согласност, решил да се повлече од јавниот живот.

https://p.dw.com/p/2cMM0
Königin Elisabeth II. und Prinz Philip
Фотографија: Reuters/K. Doherty

Војводата од Единбург, принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, наесен ќе се повлече од сите кралски должности, соопшти Бакингамската палата. Одлуката ја донел сам со поддршка од кралицата.

Принцот Филип ќе наполни 96 години идниот месец, a во 2016 година имаше 110 денови исполнети со обврски. Тој е член, покровител или претседател на повеќе од 780 органзиации и ќе ja продолжи соработката со нив, но „нема повеќе да игра активна улога со исполнувањето на обврските“, соопштија од Бакингемската палата.

Во ноември принцот Филип и кралицата ќе слават 70 години од венчавката. Во последно време постојат бројни шпекулации околу здравствената состојба на принцот Филип. Кралицата, 91-годишната Елизабета Втора пак ќе продолжи со полна програма на своите официјални задолженија, со поддршка од членови од кралското семејство, соопшти Бакингамската палата.

Принцот Филип се повлекува од јавноста