Борисов ќе си поднесе оставка, но поставува услов
14 август 2020Бојко Борисов ја услови својата оставка со донесување претходна одлука во парламентот за избори за уставотворно собрание. Ова денеска преку државната телевизија го изјави бугарскиот премиер. Неговата партија ГЕРБ ќе поднесе предлог за промени во уставот, кои би се однесувале меѓу другото и на правосудството.
„Време е за одговорност и за решителност. За нов почеток," изјави Борисов, но не спомена конкретен датум.
Демонстрантите во Бугарија, членка на ЕУ, уште од почетокот на јули бараат оставка на владата. Тие се револтирани од мафијашките односи и зависноста од олигарсите. Следните регуларни парламентарни избори би требало да бидат одржани во март 2021 година.
Повеќе:
Бугарија: Државна безбедност, лустрација и мафијашка држава
Протест против бугарската „држава во сенка”
Две можни сценарија по полуоставката на Борисов
Бугарија: „Отровното трио“ против Борисов
Првата реакција од страна на демонстрангтите по јавното обраќање на Борисов е дека ќе продолжат со протестните акции. „Ова е само обид на Борисов да купи време", изјави за државното радо Николај Хаџигенов, еден од организаторите на протестите. Најавените уставни измени би можеле да бидат извршени и од страна на регуларно избран парламент, Борисов прави обид да се одржи на власт уште некое време, критикува и активистот Арман Бабикиан.
За нови избори се залагаат и социјалистите, чија партија произлегува од поранешните комунисти и е блиска до претседателот на државата, Румен Радев.