1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов нема да се кандидира за премиер на Бугарија

ЕМФ | агенции
14 април 2021

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека нема да биде кандидат за претседател на влада која би ја формирала неговата партија ГЕРБ.

https://p.dw.com/p/3rypR
Boyko Borisov I Premier Bulgarien
Фотографија: Barbara Gindl/APA/picture alliance

Долгогодишниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, нема да се кандидира за премиерската функција и има намера да предложи кандидат за претседател на идната влада на земјата кој има јасна европска и НАТО ориентација. Ваквата изјава Борисов денеска ја даде во текот на посетата на Велико Трново. Името на кандидатот кој го има предвид не сакаше да го каже и нагласи дека тоа ќе биде објавено откако партијата ГЕРБ ќе го добие мандатот за влада. 

„Не е во ред и јас како Радев да ја делам нацијата на два дела. Јас ќе предложам друг премиер со многу европска, натовска ориентација“, рече Борисов пред новинарите и додаде дека за формирање влада, согласно Уставот, има една недела време.

Борисов информираше дека во предлогот за новата влада ќе има и стари и нови министри и ги повика сите партии во парламентот на одговорност.

Повеќе:

Бугарските избори и македонската јавност

Кажете го ставот за Скопје, за да знаеме со кого си имаме работа

Борисов не се плаши од кривичен прогон, се откажа од пратеничкото место

Бугарија: Составувањето влада - „невозможна мисија“

Новиот состав на бугарскиот парламент би требало да се состане утре. На парламентарните избори во Бугарија паријата на Борисов, ГЕРБ, освои 26% од гласовите, односно 75 од вкупно 240 пратенички места. Во парламентот влегоа шест партии, меѓу кои и три протестни партии, кои заедно имаат 92 пратенички места. Доколку на ГЕРБ не ѝ успее да состави влада, претседателот на Бугарија, Румен Радев, ќе треба да ѝ даде мандат на втората по јачина политичка сила. Тоа би била протестната партија „Има таков народ“ на телевизискиот водител, кабаретист и поп-фолк ѕвезда Слави Трифонов.