Борис Георгиевски
Одоворен за уредувачката политика на програмата на македонски јазик на Дојче веле
@GeorgievskiBБорис Георгиевски раководи со македонската редакција на Дојче веле од 2016 година. Најголемиот дел од професионалната кариера го минува како новинар во седиштето во Бон и како дописник на редакцијата од Скопје. Првите новинарски чекори ги прави како репортер во „Утрински весник“ во 1999 година. Во кариерата соработувал со повеќе германски и светски медиуми. Добитник е на две награди за најдобра истражувачка сторија во Македонија.