1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Болниците преполни, а лекарите не сакаат вакцина

7 април 2021

Ковид-болниците во Србија се преполни, но мнозинство од персоналот уште не е вакциниран. Соговорници за ДВ велат дека тоа не смее да биде прашање на личен избор.

https://p.dw.com/p/3rcG9
Serbien | Coronavirus | Impfung Gesundheitspersonal
Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

„На некои клиники се вакцинирани 70 проценти од лекарите, а на некои дури помалку од 20 проценти“, вели Радмило Јанковиќ, кој ги координира болниците за пациенти со Ковид-19, од кои најголеми се оние во Ниш и во Крушевац. Во јужниот дел се вакцинирани околу 2000 медицирани во ковид-системот, што е помалку од половината. Јанковиќ е многу незадоволен, иако мисли дека процентот некаде е уште понизок.

Официјални бројки за бројот на вакцинирани здравствени работници не постојат, но често се слуша дека скепсата кон вакцините меѓу нив е сеприсутна. Затоа и членовите на Кризниот штаб предлагаат задолжителна вакцинација за лекари и медицински персонал, каква што постои веќе против грип и хепатитис Б. 

„Вакцинацијата во здравствените институции не смее да биде прашање на личен избор, посебно сега во ова опасно опкружување. Постои голема циркулација на вирусот, ова е голем општествен проблем, глобален, и овде не станува збор за прашање на лични права, кои јас и не ги разбирам ако така дополнитено се загрозува здравјето“, вели Јанковиќ во разговорот со Дојче веле.

„Недопустливо е некои од здравствените работници да не се вакцинираат, па случајно да заразат пациенти кои се во доволно тешка состојба, а не можеле да се вакцинираат од некоја причина, навистина нема никаква алтернатива“, смета Јанковиќ, кој инаку е анестезиолог. 

Србија: Вакцина за доверба

„Двојно повеќе луѓе умираат поради тоа што не добиваат адекватна здравствена нега, зашто е невозможно веќе да се функционира. Освен Ниш и околината, ниедна болница не се занимава со сериозна медицина, а ние сме препони со пациенти, ние веќе речиси немаме места“, додава Јанковиќ.

Читаат блогови наместо научни списанија

Додека тој од црвената зона јасно порачува дека вакцината е единствена опција, лекарите кои не се вакцинирани, освен мала група познати „антиваксери“, воглавно молчат за својата одлука. Оние со кои разговараше Дојче веле, тврдат дека сакаат да имаат избор, и дека  вакцините не се доволно испитани.

Понекогаш пишуваат нешто околу тоа на социјалните мрежи, но не сакаат да зборуваат јавно, поради апсењето на лекарката Јована Стојковиќ и други противници на вакцинацијата.

Повеќе на темата:

Србија: вакцини има, нема кандидати за вакцинирање?

Мојата мајка не сака да се вакцинира иако е лекаркаВикенд во Белград, бесплатна вакцина

На вакцинација во Ниш - многумина без термин и во погрешен град

Радмило Јанковиќ истакнува дека во ниедно стручно списание не видел текст за она за што раскажуваат лекарите кои се против вакцини, туку дека тие и мнозинство од населението читаат блогови на социјалните мрежи. 

„Ако Србија не достигне колективен имунитет затоа што нема да успее да вакцинира четири милиони луѓе, тогаш и јас имам проблем со противниците на вакцини“, вели за Дојче веле Срѓан Пешиќ, фармаколог и професор на Медицински факултет. „Ова е поделба на наука и на луѓе кои формираат мислење врз основа на површни информации и теории на завера. Замислете да постоел интернет кога Александар Флеминг во 1928 година изолирал пеницилин, кој досега спаси повеќе милијарди животи!“

Професор Пешиќ смета дека лекарите се државни службеници, но и дека државата треба да го реши проблемот на изнесување невтемелени ставови на интернет. „Ако уште една година сѐ остане како сега, следната година нема да умираме од коронавурус, туку од глад. Нашите луѓе нема да имаат со што да се лечат, државата нема да има пари да ги наполни здравствените каси и пензиските фондови. Ние значи немаме за противници антиваксери или антипеницилисти, туку луѓе кои површно размислуваат.“

Во Србија досега со прва доза се вакцинирани 26 проценти од полнолетните граѓани, а 20 проценти примиле и втора доза. Во земјата досега се стигнати преку три милиони вакцини, а оваа година би требало тука за почне производство на вакцините Спутник V  и Синофарм.