1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кога лекарите се лоши пациенти

Сертан Сандерсон
28 јануари 2021

Мајка ми не сака да се вакцинира против Ковид-19. Притоа таа е лекарка. Поимот „контрадикторност” ни приближно не ги опишува моите чувства. Тоа е спротивно на здравиот разум, раскажува Сертан Сандерсон.

https://p.dw.com/p/3oWnj
Großbritannien | Massen-Impfzentrum
Фотографија: Dominic Lipinski/picture-alliance

Веројатно сите ние имаме по еден или повеќе членови во семејството кои демонстрираат посебна скепса спрема било каков вид на вести поврзани со коронавирусот. И во име на плуралистичката дебата, тоа веројатно и не е ни погрешно. Во мојот случај тоа е мајка ми со која постојано доаѓам во конфликт кога е во прашање пандемијата. Таа е родена еден месец пред крајот на Втората светска војна. Можеби човек не треба да и фаќа кусур на нејзината генерација што става посебен акцент на сигурноста, со тоа што се држи до конзервативниот поредок. Но, фактот дека е докторка со повеќедецениско искуство, е во чуден контраст со нејзините ставови.

Медицински основана скепса?

Да бидам фер: скепсата на мајка ми нема никаква врска со теории на заговор, туку се заснова на нејзиното медицинско образование и нејзиното знаење. Фактот дека сите вакцини против Ковид-19 се развиени за помалку од една година за неа е доволен да си го постави тоа принципиелно прашање.

Повеќе:

-Зошто американските евангелисти толку многу се противат на вакцините?

-Коронавирус: Како стравовите од вакцина стануваат теории на заговор

-Фејсбук им објавува војна на антиваксерите

Конечно, биле потребни децении за да се искорени полио (детска парализа) или сипаниците, аргументира таа рутински. Немало доволно време да се тестираат вакцините и нивната делотворност, вели таа, камо ли пак да се гарантира дека ќе бидат безбедни.

Sertan Sanderson Moderation
Сертан Сандерсон, автор на коментарот

Ако биле потребни децении истражување за на пример да се развие вакцина против хепатит Б, како тогаш Фајзер, Модерна итн.можат толку брзо да извадат вакцина на пазарот, се прашува мајка ми.

Да се превоспитуваат сопствените родители

Можеби и има право да биде скептична. Но, како новинар ме става во незгодна позиција да треба да ја бранам медицината како целина - и тоа токму пред неа. Огромниот напредок во медицинските истражувања од изминатиот половина век оваа жена не ја импресионирале многу. Па така и натаму смета дека единствено решение за грчевите со кои е проследен женскиот циклус е отстранување на матката во погоден момент. А, кастрацијата на мажите и натаму ја смета за најдобра гаранција за заштита од сексуално преносливи болести.

Тоа е точката кога почнувам да се фрустрирам: удирам со глава во ѕид кога се обидувам да и објаснам дека во случајот со толку микроскопски мал организам како корона вирусот не може ниту причината, ниту симптомот на болеста да се изведе  на начин на кој таа си замислува дека тоа треба да функционира во модерната медицина. Ниту може да се исече, ниту да се препише антибиотик за да исчезне. Единственото решение во моментов е развој на колективен имунитет. И со оглед на тоа дека не смееме да ги загрозуваме луѓето со тоа што ќе ги изложиме на вирусот, тоа може да се постигне единствено со масовно вакцинирање во светот. Споредбата меѓу Ковид-19 и СИДА кој води во заблуда ми се чинеше просто невкусен кога за прв пат на овогодинешниот божиќен ручек на нашето семејство беше изнесен токму во Јужна Африка, земјатс со најголем процент на ХИВ позитивни лица во светот.

Ме остава без здив

Се сметам за поборник за слободата на говорот дури и кога се работи за мој најголем непријател, па дури и кога оди на моја штета. Но, кога се работи за живот и смрт: каде каде почнува бранењето на такви демократски вредности и што е уште побитно, каде завршува? Кога нашето колективно здравје е на коцка: од кој момент индивидуални постапки се сметаат за пречекорување на границите?

Мора ли јас да бидам тој што ќе ја одвлечка мајка ми на доктор за да бидам сигурен дека ќе ја прими Ковид-19 вакцината? Или треба да речам „нели ти кажав” доколку на одделот за интензивна нега веќе нема маска за кислород за неа? Дали е воопшто фер на ваков начин да ги обелоденам нејзините ставови, без да има простор да си ги одбрани? Или некои ставови се просто неприфатливи?

Можеби слично како со политиката и религијата, Ковид-19 треба да го ставиме на листата теми кои во празнична атмосфера не смее да бидат дебатирани, дури и ако самите ние сме меѓу тие што во тој случај ќе бидат замолчени.