1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија го блокира Дојче веле на интернет

29 октомври 2021

Онлајн понудата на Дојче веле веќе не е достапна насекаде во Белорусија. Тамошните власти потврдија дека го ограничиле пристапот до редица информативни портали на интернет.

https://p.dw.com/p/42Kgz
Deutsche Welle, Bonn
Фотографија: M. Becker/dpa/picture alliance

Интернет корисници доцна синоќа почнаа да укажуваат дека страниците на Дојче веле веќе не се достапни преку одредени провајдери. Уште не е познато дали интернет-понудите на  Дојче веле  се блокирани низ цела Белорусија.

Заменикот министер за информации Андреј Кунцевич соопшти дека Министерството за информации во Минкс донесло одлука да го ограничи пристапот на интернет до редица  информативни портали , меѓу кои и  Дојче веле.  Според Кунцевич, согласно со членот 19 од Законот за борба против екстремизам, забрането е ширење на „екстремистички материјали“. Истовремено, членот 38 на Законот за масовни медиуми забранува ширење на соодветни хиперлинкови.

Дојче веле на почетокот од оваа година значително ги прошири своите понуди за Белорусија, со намера медијално да го следи подемот на цивилното општество  во земјата.

ДВ