1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Безпримерен хакерски напад врз Твитер-профили

ЖА / агенции
16 јули 2020

Барак Обама, Елон Маск и Џеф Безос одеднаш преку Твитер ветија двократно враќање на кај нив уплатени биткоини – измама. Никогаш досега немало случај на злоупотреба на профили на познати личности од вакви размери.

https://p.dw.com/p/3fPCK
Twitter Logo
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Reinhardt

Шефот на Твитер, Џек Дорси јавно се извини за инцидентот, истакнувајќи дека вчерашниот бил тежок ден за неговата компанија. Твитер ги блокирал погодените профили и ги отстранил од нив испратените повици за уплата на биткоини во вредност од 1000 долари. 

Според Твитер, хакерите очигледно прво ги ставиле под контрола приодите на вработените во Твитер, а потоа ги провалиле профилите на познатите личности.

Меѓу останатите, хакирани беа официјалните Твитер-профили на основачот на Амазон, Џеф Безос, шефот на Тесла – Илон Маск, основачот на Мајкрософт – Бил Гејтс и поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Со пораките испратени од хакираните профили се создавал впечаток дека овие личности упатуваат повик за донации во биткоини, што наводно ќе биде наградено со поврат во двојна висина. Според страницата  Blockchain.com, која ги следи трансакциите кај криптовалутите, врз основа на измамничката акција биле префрлени биткоини во вредност од 116.000 долари.

Kombibild - Jeff Bezos, Bill Gates & Warren Buffet
Џеф Безос, Бил Гејтс и Ворен Бафет се само дел од жртвите на хакирани Твитер-профили

Твитер првично соопшти за безбедносен проблем, на чие остранување се работи. „Се чувствуваме ужасно што вакво нешто можело да се случи", напиша Дорси.

„Ова е измама, не учествувајте во неа", напиша соосновачот на крипто- берзата Gemini Exchange, Камерон Винклевос на Твитер. Многумина од понудувачите на крипто-валути биле и самите погодени од хакерскиот напад. 

Повеќе:

Навредениот Трамп му го возвраќа ударот на Твитер

Трамп се заканува дека ќе го „затвори“ Твитер

Благодариме Твитер! Но, што е со Фејсбук?

Шест хакерски напади кои го шокираа светот

Хакирани биле и профилите на американскиот технички гигант Епл и концернот за курирски услуги Убер. Во жртвите се вбројуваат и Твитер-профилите на екс-американскиот претседател Барак Обама и неговиот тогашен потпретседател Џо Бајден, кој во ноември му е противкандидат на актуелниот шеф во Белата куќа, Доналд Трамп.

Твитер постојано е мета на атакување на хакерски групи. Во март 2017 година беше хакиран профилот на организацијата за човекови права Амнести интернешнл, на француското министерство за одбрана и на БиБиСи за Северна Америка, се претпоставува од приврзеници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во август ланската година беше на удар и Твитер-профилот на Дорси – непознати лица од него постираа навредувачки и расистички изјави од името на основачот на Твитер.