1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп се заканува дека ќе го „затвори“ Твитер

БГ/ ДПА
27 мај 2020

Американскиот претседател се закани со нова регулатива за социјалните мрежи откако Твитер му направи фактографска проверка на неговиот твит за гласањето по пошта, поради сомнеж дека изнел лажно тврдење.

https://p.dw.com/p/3cr31
US-Präsident Trump hält Gesichtsschutz hoch
Фотографија: Reuters/L. Millis

„Републиканците чувствуваат дека платформите на социјалните медиуми целосно ги замолкнуваат конзервативните гласови. Ние остро ќе ги регулираме, или попрво ќе ги затвориме, одошто да дозволиме ова да се случува“, изјави Доналд Трамп.


Засега е нејасно што точно планира да стори американскиот претседател.
Твитер одлучи да го дополни твитот на Трамп со линк кој води кон повеќе информации за гласањето по пошта. Трамп тврдеше дека таквиот начин на гласање ќе води кон измами, и покрај тоа што не постојат докази во потврда на таквата теза.

Твитер им порача на следбениците на Трамп да „ги дознаат фактите“ за гласањето по пошта, и приложи линкови до информации кои се спротивни на оние кои ги објави претседателот.
Трамп неодамна објавуваше и конспиративни теории дека водител на ТВ шоу кој е поранешен законодавец ја убил својата асистентка додека ја извршувал функцијата. Семејството на жената, која починала од природна смрт, побара од Твитер да го избрише постот на Трамп, но компанијата одби.
Веќе неколку години конзервативни кругови ги обвинуваат социјалните мрежи за наклонетост кон либералите. Некои истражувања откриваат дека спротивното е поблиску до вистината.