1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алтернатива за Германија во подем- кој е виновникот?

Кај-Александер Шолц/сн2 мај 2016

Алтернатива за Германија би можела да остане играч во германската политика. Етаблираните партии се надеваа дека АФД ќе се радикализира и со тоа самата ќе си наштети. Не беше само тоа грешка, смета Кај Александар Шолц.

https://p.dw.com/p/1IgGM
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Поглед на назад: Алтернатива за Германија настана за време на кризата на еврото. Кога таа бура донекаде стивна, опадна и популарноста на АФД- таа во анкетите имаше поддршка само уште од 4 насто од избирачите. Во летото 2015 година, не беше сигурно ни дали партијата воопшто ќе преживее. А тогаш дојде бегалската криза. Христијанските демократи (ЦДУ), социјалдемократите (СПД), зелените и Левицата се заплеткаа во културата на добредојде. Тоа во народот поттикна расположение кое веќе долго тлееше во разни средини и беше спротивно на официјалната политика. Чашата се прелеа, АФД фати приклучок и нејзиниот рејтинг во анкетите повторно порасна.

Многу политичари се надеваа дека АФД некако ќе исчезне сама од себе. Предупредувањата на новинарите и демоскопите беа игнорирани-што е плод на ароганцијата на власта. По тврдоглавото одбивање сериозно да се сватат како грижите на народот така и подемот на новата партија, следуваше сатанизација на АФД. И таа намера предизвика спротивен ефект: ова партија стана жртва и популарноста и натаму и растеше.

Продолжува курсот на успех

И сега: АФД изгледа дека има значителен бонус кај избирачите. Дури ниту дискусијата за предлогот на АФД полицијата да може да пука кон бегалците доколку е неопходно не ѝ наштети на партијата. Во училишните дворови во источна Германија, АФД сега има имиџ на разбојник- на одморите меѓу часовите тајно се разменуваат информации за партијата. Родителите и јавното мислење имаат поинаков пристап, но забранетото овошје има посебно сладок вкус. Овде можеби израснува младина која се социјализира со АФД, како што некогаш беше случајот со движењето на Зелените.

Kommentarfoto Kay-Alexander Scholz Hauptstadtstudio
Кај-Александер ШолцФотографија: DW/S. Eichberg

Стратешките грешки се надоврзаа на развојот на политичката ситуација во последните години: во спектарот на јавното мислење на десната страна настана дупка, бидејќи ЦДУ и ЦСУ се фокусираа на политичкиот центар. АФД ја искористи таа шанса и им се обрати на дезориентираните конзервативци. А тие одговорија со верност. Бидејќи сѐ уште „Алтернатива за Германија“ за многумина- нема алтернатива.

Нова народна партија?

Конкуренцијата од партискиот конгрес во Штутгарт очекуваше поместување екстремно десно, дека ќе се отиде дотаму АФД да се лизне од демократскиот спектар или оти раководството на партијата ќе се раскине меѓусебе.

Но конгресот покажа дека ваквите очекувања за почеток не се исполнија. Бунт немапе. Програмските заострувања на новат споредбено умерена партиска програма на пример за темите ислам, доселување или абортус не наидоа на мнозинство кај делегатите. Интересен е фактот дека партиската младинма беше онаа која се изјасни за уште порадикален курс.

Покрај тоа доаѓа и поддршката од Европа. Партиите слични на АФД во бројни земји се наоѓаат во подем. Класичните народни партии, наспроти тоа губат од довербата.

Ако сето тоа продолжи така, тогаш во Германија за неколку години ќе има две нови народни партии: Зелените и АФД. Меѓутоа можеби партиите од Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и СПД имаат уште некои добри идеи на располагање, што да се прави сега. Од грешките , нели, може да се научи.